ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) Реконструкција на ул. „Борис Кидрич“, „Ужишка Република“ и патот кој ги поврзува н.м. Грешница – Длапкин Дол во општина Кичево во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кичево аплицираше со проект за Реконструкција на ул. „Борис Кидрич“, „Ужишка Република“ и патот кој ги поврзува н.м. Грешница – Длапкин Дол.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кичево  (https://kicevo.gov.mk/mk/ ) на 11 ноември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Формулар за поднесување коментари
КОНТРОЛЕН СПИСОК НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАШАЊА (ПУЖСС)
ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) CHECKLIST