ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010), Општина Кичево и Програмата за поддршка на локален економски развој за 2018 година,  донесена од страна на Совет на Општина Кичево, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој, средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

  1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, за проекти кои влијаат кон јакнење на капацитетот на здруженија и нво кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби и слично. Со овој повик  ќе бидат поддржани исклучиво здруженијата и фондациите кои се регистрирани како такви и истите  имаат ПОДНЕСЕНО извештај за реализација на проектните активности , доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за предходната фискална година. Здруженијата и Фодациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини.

  1. Предвидени средства –За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година во висина од 500.000,00 денари, a секое здружение може да аплицира со проект за поддршка на своите активности со барање на финансиски средства во висина до 50.000, 00 денари.Општината го задржува правото да ја процени реалната потреба и оправданост на поднесениот буџет и и да додели средства согласно својата проценка и методологија.

 

  1. Доставување извештај Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Одделението за Лер и Секторот за финансии на Општина Кичево.

 

  1. Основни организациски критериуми-Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации

– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес

  1. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка
  2. Предлог проект
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата 

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 (дваесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево.

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на здруженија и фондации за 2018 година.

Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево.Пријавите за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Формуларот за предлог –проект  ке можат да се подигнат од архивата на општина Кичево и www.kıcevo.gov.mk

Начин на вреднување:

           Вреднувањето на понудите за вршење на предвидените активности ќе се врши од комисијата формирана од градоначалникот, врз база на предложените критериуми, вреднувајќи секој услов со оценка од 1 до 5 и проценти поставени по критериуми.

КРИТЕРИУМИ

  • Капацитетот на организацијата – се вреднува со 20%
  • Релевантност на превземената акција – се вреднува со 10%
  • Одржливост на проектот – се вреднува со 30%
  • Сопствено учество во кофинансирање (со време, опрема, човечки ресурси) – се вреднува со 40%

Formular-2018

Prijava-za-NVO