Врз основа на Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, dhe 23/16), и врз основа на Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За Правни и Физички лица кој поседуваат  имот во територијата на општина Кичево

Се повикуваат сите Правни и Физички лица кој поседуваат имот во територијата на општина Кичево, кои врз основа на Законот за данок на имот се даночни обврзници, да ги превземат следните чекори:

  1. Правни и Физички лица кој поседуваат имот на територијата на општина Кичево, на кој не им е доставено уредно Решение за Данок на Имот на еден од начините предвидени согласно чл.76 до чл.86 од Законот за општа управна постапка, се обврзани да ги превземат Решенијата за данок на имот за 2019 година во просториите на општина Кичево.
  2. Правни и физички лица кои поседува имот на територијата на општина Кичево, на кои уредно им е доставено Решение за данок на имот за 2019 година, да ги подмират обврските кои се предвидени со истиот.

Обврските можат да ги подмират со следната уплатница:

Примател Трезорска сметка
Банка на примачот Народна Банка на РМ
Сметка 100000000063095

 

 

Ред.бр. Вид на данок Сметка на уплата Шифра на приходи
1. Данок на имот за правни лица 840-134-02512 713113
2. Данок на имот за физички лица 840-134-02507 713111

 

Овој повик влегува во сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека странката е информирана во писмена форма. За негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кој евентуално може да настанат, тие ќе ги подмири самата странка.

Доколку сте извршиле наплата која не се евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до општина Кичево, Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.22, и да доставите докази за извршената наплата, или да не контактирате на следната е-маил адреса:

Е-mail: kercova2013@yahoo.com

ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ