ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за социјална заштита (Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година),како и за спроведување на „ Проектот за подобрување на социјалните услуги“ од страна на Министерството за труд и социјална политика
Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За идентификување на заинтересирани даватели на социјални услуги.

Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалната заедница,согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани,постарите лица,лицата со попреченост и други лица,за што Министерството за труд и социјална политика обезбедува Грандови наменети за проектот со вкупна вредност од 10,8 милиони евра за период на имплементација од 5 години.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Општина Кичево до Министерството за труд и социјална политика ќе може да аплицита за Грантови наменети за проекти за развој на социјалните услуги во локалната заедница,вклучувајќи непосредна социјална услуга,помош на индивидуа или семејство,домашна нега,лична асистенција,дневна нега,привремена грижа,мали групни домови,дневни центрии услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата;
2. Предвидени средства –Грантовите ќе бидат финансирани од МТСП и ќе бидат насочени кон развој на услуги што ќе ги обезбедуваат општината во соработка со други даватели на услуги(граѓански организации,физички и правни лица).Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци.
3. . Основни организациски критериуми-Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:
– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес
– Физичко лице кое самостојно врши работи од социјална заштита како професионална дејност кое поседува издадена дозвола за самостојно вршење на професионална дејност (член 129,130,131,132,133,134 од законот за социјална заштита Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година)

4. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави
1Предлог проект
2 Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата
3.Извештај за реализација на проектните активности, доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за претходната фискална година.
3.Копија од дозвола за самостојно вршење на професионална дејност за физики лица кои самостојно вршат работи од социјална заштита како професионална дејност

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 (дваесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака – Заинтересирани даватели на социјални услуги.

Заинтересираните даватели на услуги откако ќе го изразат својот интерес,и доколку Општината смета дека има потреба од предложената социјална услуга, заедно со заинтересираниот давател ќе ја поднесе апликацијата до Министерсвото за труд и социјална политика на РСМ. Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево.

ФОРМУЛАР ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС за аплицирање за грант за развој на социјални услуги