Врз основа на член 22,  став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа  ( „ Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 3, став 1, точка 3 од Законот за комунални такси ( „ Службен весник на РМ“ бр. 61/05, 92/07 и 123/12,154/15 dhe 23/16 ) и Одлуката за поставување на маси и опрема за комерцијални услуги на подрачјето на Општина Кичево бр. 07-1188/5 од датум 17.12.2010 (Службен гласник на Општина Кичево бр.6/2006 и 12/2010. За користење на површината пред деловните објекти за вршење дејност. Oпштина Кичево објавува:

ЈАВЕН   ПОВИК

За вршење на трговска и угостителска дејност на  јавни површини пред   деловен  простор

  1. Се повикуваат сите правни и физички лица, корисници на јавни површини, регистрирани за вршење на соответната дејност, да поднесат Барање до Општина Кичево за да добијат Одобрение за поставување на елементи за изложување на производи за извршување на трговската дејност или угостителска дејност на јавни површини, пред деловниот простор;
  2. Рокот за поднесување е 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во web страницата на Општина Кичево, kercova.gov.mk, како и во локалните медиуми во Кичево.
  3. Корисниците на јавните површини кои нема да се јават  на повикот во одредениот рок, ќе бидат принудени, освен редовната да плаќаат повисока такса зголемена за 30%, согласно Законот за комунални такси.
  4. Контролата за согледување на состојбата на корисниците за поседување на  одобренија, ќе ја извршат  надлежните инспектори кои согласно позитивните законските норми, ќе составуваат Записници и ќе превземаат и казнени мерки.

Општина   Кичево
Градоначалник
Fatmir Dehari