Општина Кичево во партнерство со Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, во рамките на Проектот: „Пилотирање на програма за одговорно социјална поддршка“ финансиран од страна на Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, формираше социјален фонд преку кој ќе се поддржатРоми и други маргинализирани групи.


Целокупната документација која треба да ја достави секое заинтересирано лице како и условите кои треба да се исполнат се наведени во следниот:

ЈАВЕН ПОВИК – Постапка, услови и потребни документи за одработување на долгови


Барањата за одработување на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во општина Кичево, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија.Комисијата ќе биде составена од 5 лица: претставник од општина Кичево, претставник од Центарот за социјална работа Кичево, претставник од НВО сектор од ромска организација, претставник од НВО сектор од организација за лица со инвалидитет и попреченост и правник.


Ќе може да се поднесат барања за одработување на долгови настанати заклучно од 01.11.2020 до 31.10.2021, а по основ на потрошена електрична енергија, долгови за комунални услуги.


Почнувајќи од 08 ноември 2021 година граѓаните (доколку спаѓаат во предвидената категорија) ќе може да поднесат барање за одработување на долговите настанати до 31.10.2021 година, за:


• електрична енергија кон ЕВН;
• Комунални услуги


Добитниците ќе бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи согласно со Законот за работни односи,од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, од јавните претпријатија и јавните установи и работодавачи од приватниот сектор, освен пензионер, жена за време на бременоста и млади мајки до 9 месеци на породилно отсуство, лице неспособно за работа поради старост, инвалидност или болест, ученик и студент.


За време на работното ангажирање корисниците мора да бидат осигурани од организаторот на работата по основа на инвалидност и телесно оштетување, за повреда на работа или професионална болест.

За одработување на долговите може да аплицирате доколку исполнувате еден од следните услови:


• ако сте корисник на социјална парична помош (Роми и останати маргинализирани групи)
или
• лице кое западнало во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест (Роми и останати маргинализирани групи). Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни и церебрално васкуларни заболувања. Услов е:


Аплицирањето се врши во општина Кичево, а со вас потребно е да ги имате следните документи:


• копија од Вашата лична карта,
• документ за примател на Гарантирана минимална помош(Издаден од Центар за социјални работи)
Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
• Документ за неспособноста за работа се утврдува со наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдување на неспособност за работа формирана при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
По исклучок за неспособно за работа се смета лице чиј вид и степен на попреченост е утврден со наод, оцена и мислење на стручен орган, утврден на начин согласно со овој закон (доколку лицето не е способно за работа)
• писмена согласност од Вас за обезбедување податоци за вашиот статус и долг од надлежните институции и доверителите. Образецот за писмената согласност ќе ви биде даден во општина Кичево
• – ако Вашиот долг е за искористена електрична или комунални услуги, задолжително доставете копија од последната фактура/сметка за електрична енергија или комунални услуги.

Исто така, зависно од причината поради која барате одработување на долговите, треба да ги имате и овие документи:


ако сте лице со потешко заболување или потешка болест, задолжително доставете медицинска документација од која може да се утврди дијагнозата и датумот кога е дијагностицирана болеста;

Ќе бидат исплатени трошоци за неплатени сметки за електрична енергија или комунални услгуи по лице по максимум 5000 денари.


Начин за доставување на документација:


Целокупната документација треба да биде дотавена до Архива на општина Кичево во затворен плик со назнака: “Документација за одработување на долгови“. Затворените пликови ќе бидат преземени од Архивата на општина Кичево и ќе бидат соодветно заверени со архивски број. Копија од архивскиот број ќе биде доставен и до поднесителот на документацијата.


Целосната документација треба да биде доставена најдоцна до 29 ноември 2021 година до 16 часот.