Врз основа на член 22,  став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа  ( „ Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 3, став 1, точка 3 од Законот за комунални такси ( „ Службен весник на РМ“ бр. 61/05, 92/07, 123/12,154/12,192/15 и 23/16 ) и Одлуката за поставување на маси и опрема за комерцијални услуги и изградба на инфраструктурни објекти во подрачјето на Општина Кичево бр 07-1188/5 од датум 17.12.2010(Службен гласник на Општина Кичево бр.6/2006 и 12/2010.За користење на површината пред деловните објекти за вршење дејност. Oпштина Кичево објавува:

ЈАВЕН   ПОВИК

за поставување урбана опрема и елементи за изложување на производи за вршење на трговска дејност или угостителска дејност на  јавни површини пред деловниот простор

  1. Се повикуваат сите правни и физички лица, корисници на јавни површини, регистрирани за вршење на сопствена дејност, да поднесат Барање до Општина Кичево за да добијат Одобрение за поставување на урбана опрема и елементи за изложување на производи за извршување на трговска дејност или угостителска дејност на јавни површини, пред деловниот простор.
  2. Рокот за поднесување е 31.05.2021 од денот на објавувањето на Јавниот повик во web страницата на Општина  Кичево, www.kercova.gov.mk, како и во локалните медиуми во Кичево.
  3. Корисниците на јавните површини кои нема да се јават на повикот во одредениот рок, ќе бидат принудени, освен редовната да плаќаат повисока такса зголемена за 30%, согласно Законот за комунални такси.
  4. Контролата за согледување на состојбата на корисниците за снабденоста со одобренија, ќе ја извршат  надлежните инспектори кои согласно позитивните законските норми, ќе составуваат и Записници и ќе превземаат и казнени мерки.

Општина Кичево       

Градоначалник

Фатмир Дехари