ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на проектот Addendum to ROMACTED Grant Agreement PO 678638 and PO 664860, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање на правни субјекти за реализирање на ваучери наменети за ублажување на последиците од Ковид 19

 

Изборот на правни субјекти за реализирање на ваучери наменети за ублажување на последиците од Ковид 19, согласно проектот Addendum to ROMACTED Grant Agreement PO 678638 and PO 664860, ќе се врши врз основа на критериуми дадени во овој повик.

  1. Основен критериум

Правни субјекти кои се занимават со продавање на прехрабени продукти и средства за одржување на хигиена (маркети, продавници), на територијата на Општина Кичево.

  1. Предвидени средства

Износот на средства за ова намена согласно проектот се предвидени 166.050,00 денари, кои ќе бидат реализирани со ваучери.

  1. Намена на ваучерите

Ваучерите ќе бидат искористени за надоместок на трошоците за хигиенски и прехранбени продукти.

  1. Потребна документација
  • Барање за пријавување на интерес за реализација на ваучери;
  • Решение од централен регистер за регистрирана дејност согласно јавниот повик.
  1. Рок и начин на поднесување на Барањата

Рокот за поднесување на Барањата е 14.12.2020 година.

Барањата со потребната документација се доставува до Архивата на Општина Кичево, ул.Борис Кидрич бр.1 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Барањата можат да се подигнат од Архивата на Општина Кичево или подолу.

БАРАЊЕ

Напомена: Барањата со непотполна документација по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.