ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на проектот Addendum to ROMACTED Grant Agreement PO 678638 and PO 664860, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање на граѓани од ромска заедница за ваучери наменети за ублажување на последиците од Ковид 19

Распределбата на ваучерите, согласно проектот Addendum to ROMACTED Grant Agreement PO 678638 and PO 664860, ќе се врши врз основа на критериуми и приоритети дадени во овој повик.

  1. Намена на ваучерите

Ваучерите ќе бидат искористени за надоместок на трошоците за хигиенски и прехранбени продукти.

  1. Предвидени средства

Износот на средства за ова намена се предвидени во износ од 166.050,00 денари.

  1. Основен критериум

Граѓани од Општина Кичево припадници од ромската заедница, корисници на социјална  помош.

  1. Потребна документација

–     Барање за доделување ваучер;

–     Фотокопија од важечка лична карта

–      Доказ за користење на социјална помош

  1. Рок и начин на поднесување на Барањата

Рокот за поднесување на Барањата е 14.12.2020 година.

Барањата со потребната документација се доставува до Архивата на Општина Кичево, ул.Борис Кидрич бр.1 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Напомена: Барањата со непотполна документација по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.