Врз основа на чл.16 од Законот за комунални такси  („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 64/2005, 92/2007, 123/2012, 154/2015,  и 23/2016, и врз основа на Правилникот за Ослободување од комунална такса за фирма бр.09-1573/1 од 29.07.2020 год., Градоначалникот на Општина Кичево објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За Правни  лица  за ослободување  од плаќање на комунална такса за истакнување за фирма односно назив  (фирмарина) за 2020 год.

 

Се повикуваат сите Правни лица  кои обавуваат угостителска – гастрономска дејност (ресторани, кафиќи, барови, чајџилници), на  територијата на Општина Кичево,  а се обврзници на комунална такса за истакнување на  фирма односно назив  (фирмарина) пропишана согласно Законот за комунални такси   да поднесат  Барање за ослободување од плаќање на комунална такса за истакнување на фирма односно назив  (фирмарина) за 2020 год.

Краен рок за поднесување на Барањето е  30.09.2020  год.

Заинтересираните правни лица кои ги опфаќа оваа мерка се должни да ги превземат  следните чекори:

  1. До Општина Кичево да поднесат Барање на пропишан образец со прилог следните документи:

-Тековна состојба не постара од 6 месеци (издадена од Централен регистар )

-Извод (Решение) за регистрација на оператори со храна (издадена од Агенција за храна и ветеринарство)

 

Овој Повик влегува во сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека Правните лица  се  информирани на овој начин.

Правните лица кои ќе го пропуштат рокот за поднесување на Барањето остануваат обврзници на комуналната такса за истакнување на фирма односно назив (фирмарина) и подлежат на обврска за плаќање на истата, како и  присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл. кој евентуално може да настанат поради неплаќање на истата.

Доколку некои од правните лица веќе извршиле  плаќање на оваа комунална такса  за 2020 год.  до  Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.22, покрај горе пропишаните документи должни се да достават   доказ за извршената наплата  при што уплатениот износ за 2020 год. ќе им  се засмета како плаќање на овој вид на комунална такса за наредната година.

 

НАПОМЕНА: Овој Jавен Повик се однесува само и исклучиво за правни лица кои обавуваат угостителска  – гастрономска дејност (ресторани, кафиќи, барови, чајџилници) кои поради пандемијата со Ковид 19 со Владини Уредби  подолг период  беа спречени да обавуваат  угостителска  дејност.

Download (DOCX, 16KB)