Градоначалникот на Општина Кичево врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска подршка на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,,Сл. Весник на РМ,, бр. 209/2018), објавува :

 

 

Ј А В Е Н     П О В И К

 

 

Се  повикуваат сите доверители који имаат доспеани а неплатени обврски кон Општина Кичево и единките корисници основани од  ЕЛС  Општина  Кичево, да се пријават во просториите на Општина Кичево (Кабинет на градоначалникот),  со цел на спогодбено утврдување  на  износот  на  обврските .

Пријавата треба да содржи:

  • Целосен назив на доверителот
  • Матичен или даночен број
  • Износ на долгот
  • Контакт лице, тел/моб и е-маил

Пријавата може да симне од веб страната на Општина Кичево овде

Download (DOCX, 12KB)

или во просторите на Општина Кичево

 

За обврските на општината и обврските на единките корисници градоначалникот   ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои ќе  се јават по јавниот повик, за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските .

 

Овој  Јавен повик важи за сите доверители и единките корисници, кои имаат пријавено  доспеани  а  неплатени  обврски  евидентирани  во  Електронскиот систем за  пријавување  и  евиденција  на обврските заклучно  со месец Септември 2018 година .

За датумот и местото на одржување на преговорите, доверителите кои ќе се пријават ќе бидат дополнителни известени.

 

Јавниот повик трае заклучно со 14. 12. 2018 година  до  15,оо часот.

 

 

 

 

Бр.09-3069/1

  1. 06. 12. 2018 год. ОПШТИНА КИЧЕВО

Кичево