ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Кичево ги известува граѓаните дека е во фаза на реализација на проектите за подобрување на патната инфраструктура и тоа: улица „Борис Кидрич„ , „Ужичка Република„ и локалниот пат што ја поврзува с. Грешница со селото Длапкиндол. За реализација на овие проекти, Општина Кичево има обезбедено финансиски средства од Светска Банка, кредит на Владата на Република Северна Македонија, додека распределени како грант за општините во РСМ од „Проект за поврзување на локални патишта„ , врз база на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со бр.44-1193/4 од 4.2.2020 год.

Општината известува, дека за реализација на овие проекти, е веќе влезена во 2-ра фаза на тендерот, која што се раководи од Одделението за спроведување на проекти при Министерство за транспорт и врски.

Проект за улица  „Борис Кидрич„
ПАД за улица  „Борис Кидрич„ енг

Проект за улица  „Ужичка Република„
ПАДза улица  „Ужичка Република„ енг

Проект за улица  „Грешница – Длапкиндол„
ПАД за улица  „Грешница – Длапкиндол„ енг

Исто така, сме поставиле простор каде граѓаните ќе може да пријават забелешките, поплаките и предлозите околу овие проекти.