Општина Кичево, во согласност со Одлуката на Советот на Општина Кичево, бр. 07-975/12, од 08.04.2015 год., („Сл. Гласник„ бр. 4/2015), за основање на Младински совет, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за избор на члeнови на Младински совет на Општина Кичево

Заинтересираните за учество на конкурсот треба да ги исполнат следниве услови:
-Да бидат жители на општина Кичево;
-Да бидат на возраст од 15-27 години;
– Да немаат криминално досие;
– Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.

Оние кои ги исполнуваат горенаведените услови, најдоцна до 29.03.2019 год. 16:00 часот, ќе треба на e-маилот: youthcouncil@kercova.gоv.mk да достават:

– Мотивационо писмо;
– Кратка биографија – CV;
– Потврда дека cе ученици/студенти, односно потврда за завршено образованиe;
– Уверенија добиени од курсеви, обуки, натпревари итн.

-Писмени предлози од предлагачите и овластените предлагачи (доколку ги има).

Општина Кичево
            Градоначалник             

                                                                                       Fatmir Dehari

Download (PDF, 461KB)