Врз основа на План Програмата  за организирање на Јавни работи  низ територијата на Општина Кичево  за 2018 год., Комисијата на Општина Кичево за избор на 50 кандидати кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи во територијата на Општина Кичево согласно Одлуката на Градоначалникот на Општина Кичево со  бр. 09-2044/1 од 08.08.2018, го објавува следниот:

О Г Л А С 

1. Се објавува Оглас за ангажирање на вкупно 50 невработени лица  од загрозени социални категори, кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи во територијата на Општина Кичево, согласно Програмата за јавни работи.

2. За ангажирање во јавни работи на избираните кандидати  ќе им се исплати паричен надоместок утврден со Договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни и тоа:

a) 6 лица со скратено работно време паричен надоместок во бруто износ од 7.600,оо денари,

б) 44 лица со полно  работно време паричен надоместок во бруто износ од 11.800,оо денари,

3. Ангажирањето во јавни работи ќе се реализира во период од 01.09.2018 год., до  31.08.2019 год.

4. Кандидатите кои ќе конкурират треба да ги исполнат  следниве услови:

  • Да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта)
  • Да се невработени (се докажува со Потврда од Агенција за вработување)

5. Огласот ќе биде истакнат на Огласната табла и Веб страна на Општина Кичево и истото ќе трае (5) пет дена од денот на објавувањето.

6. Барањата со комплетна документација да се достават до аркивата на Општина Кичево со назнака за Оглас за јавни работи 2018.

Бр. 09-________/1

Датум 22.08.2018 год.

Кичево