Врз основа на Програмата за поддршка на локалниот економски развој во која е предвиден буџет за „Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината“ и за „Субвенционирање за вработување“ со цел Создавање на конкурентна економија во приватниот бизнис, поддршка на развојот на МСП и претприемништвото, како и врз основа на Оперативниот план и насоки за спроведување на мерки за самовработување, Општина Кичево го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС

за невработени лица и работодавачи од микро и мали претпријатија

  1. Се повикуваат невработените лица на територијата на Општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање на нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување. Работодавачите кои ќе обезбедат дополнително работно место за невработени лица и невработените лица кои своето вработување сакаат да го реализираат со финансиска поддршка обезбедена од Општина Кичево, врз основа на претходно утврдени Оперативен план и насоки за спроведување на мерките за самовработување, треба да поднесат пријава во архивата на Општина Кичево.
  2. Предвидените мерки за самовработување вклучуваат:
    -Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината.
    -Субвенционирање за ново работно место
  3. Мерка 1. Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината

Кандидатите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да регистрираат правен субјект во Централен регистар на РМ,

– да се самовработат

– да добијат финансиска поддршка за изработка на бизнис план (износот ќе биде одбиен од вкупната сума на добиениот грант)

– да користат грант за опрема/материјали во максимален износ од 180.000,00 денари и ослободување од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години.

– да овозможат услови за непречено следење на работата на правниот субјект за времетраење на договорот

Доколку селектираните корисници на грант кои потпишале договор со општината, не ги почитуваат преземените обврски во Договорот, ќе бидат применети предвидените санкции во случај на неисполнување на обврските:

– во случај на престанување со вршење на дејност на правниот субјект пред истекот на две години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето кое ја основало фирмата има обврска, во рок од 12 месеци да врати:

– 80% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од започнување на бизнисот

– 60% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на втората година од започнување на бизнисот

– Доколку по истекот на било кои 3 (три) последователни месеци од регистрација на бизнисот во текот на 2 (две) години од регистрирањето на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Општина Кичево испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на 2 (два) месеци од денот на доставување на опомената лицето корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Општина Кичево ќе започне постапка за враќање на искористените средства од програмата

  1. Потребни документи за аплицирање

– формулар за аплицирање

– бизнис план

– потврда дека не е вработен

  1. Правата и обврските од точка 3 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните кандидати

 Мерка 2. Субвенционирање за ново работно место

Компаниите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да користат субвенции на плата (исплата на придонеси на минимална плата, од задолжително осигурување) за дополнително вработување на едно или повеќе лица за период од 12 месеци, со обврска лицето/лицата да продолжи да работи најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето

– да бидат ослободени од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години

– Правниот субјект кој ќе вработи дополнително лице и ќе биде корисник на мерката за субвенционирано работно место, има обврска да го задржи лицето на работа најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето или на негово место да вработи друго невработено лице. Во спротивно работодавачот ќе треба да ги врати искористените средства во целост, во рок од 12 месеци.

Потребни документи за аплицирање

формулар за аплицирање

– тековна состојба

– потврда за бројот вработени (од агенција за вработување)

Доколку дополнително вработеното лице даде отказ на работното место за времетраење на субвенционирањето, во тој случај субвенционирањето од страна на општината престанува додека не се најде замена за работникот или трајно.

  1. Правата и обврските од мерка 2 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните компании
  2. Заинтересираните кандидати од точка 1 на овој Оглас, можат да поднесуваат пријави во архивата на Општина Кичево, секој работен ден од 10 – 15 часот, најдоцна до 16.08. 2019 година
  3. Заинтересираните кандидати за аплицирање, пријавите можат да ги најдат по долу.
  1. Дополнителни информации во врска мерките за самовработување кои ги спроведува Општина Кичево, може да се добијат на веб страната www.kicevo.gov.mk или во просториите на Општина Кичево

Оперативен план и насоки за спроведување на мерки за самовработување во Општина Кичево

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ / мерка 1

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА КОМПАНИИ / мерка 2

Технички опис на бизнис идејата со спецификација на потребната опрема и материјали

ОПШТИНА КИЧЕВО