Врз основа на Закон за Данок на Имот (,,Сл.весник на РМ,бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 32/2011, 53/2011, 84/2012, и  154/2015, 192/15,23/16)додека согласно Законот за општа управна постапка (сл.Весник на РМ бр. 38/05, 110/08, 51/11, 145/15),Градоначалникот на Општината објавува:

ЈАВНА ОБЈАВА

За сите Правни и физички  лица  кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, а за кои не е извршена уредна достава на решениjа за 2018 год.,  се информираат да извршат подигнување за следново:

  1. Правните и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Кичево, а за кои не е извршена уредна достава на Решение за данок на имот, должни се да извршат подигнување на решението за данок на имот за 2018 год, 5(пет) дена од денот на објавувњето на ова објава.

2.Обврските согласно Решението за ДИ сте должни да ги исплатите  заклучно со 2018 год.

Обврските можете да ги исплатите на следните уплатници:

 Примач Сметка на трезорот
 Банка на примачот  Народна Банка на Р.М
 Сметка  100000000063095

 

Пед.бр Даночен вид Сметка на уплата Приходна Шифра
1. За данок на имот за правни лица 840-134-02512 713113
2. За данок на имот за физички лица 840-134-02507 713111

 

Овој повик, влегува во сила со денот на објавувањето, а се смета дека странката е запозната по писмен пат за правната работа. За негативните последици (принудна исплата, казнување со парични средства, дополнителни трошоци и друго), што евентуално можат да настанат, ќе треба да ги сноси самата странка.

Доколку сте извршиле исплата, а се уште не се евидентирани, или треба да следува нивна нивелизација над основицата на данок, Ве замолуваме да се обратите во Општина Кичево, Одделение за Данок и Комунални такси, канцеларија бр. 27, за да доставите доказ за извршената исплата, или контактирајте не на следната адреса:

Ул. ,,Борис Кидрич,, бр. 1

Е-mail: kercova2013@yahoо.com

Бр.09-2701/2

24.10.2018 год.