Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Закон за административни службеници ( Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), како и Правилник за систематизација на работните места во Општина Кичево бр.08-1761/2 од 17.09.2015, Правилник за измена и дополна на правилник за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Кичево ( бр.09-1386/1 од 26.05.2016 год, бр.04-2227/2 од 06.09.2016 год , бр.04-508/1 од 22.02.2018 год бр.09-955/1 од 24.04.2018 год, 09-1990/3 од 08.08.2018 година и бр.09-2309/3 14.09.2018 ), Градоначалникот на Општина Кичево, објавува :

ИНТЕРЕН ОГЛАС
број 01/2018
За потполнување на работните места со унапредување

1.Раководител на сектор за финансиски прашања со шифра УПР 01 01 Б02 000 во Сектор за финансиски прашања – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а)стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство, и тоа : најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-потврда за положен испит за административно управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
35,872,00 ден

 

2.Раководител на одделение за заштита на животната средина со шифра УПР 01 01 Б04 000 во Одделение за заштита на животна средина во Сектор за урбанизам и просторно планирање, лoкален економски развој и заштита на животната средина – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б)со работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-потврда за положен испит за административно управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
28,303,00 ден

 

3.Советник за водење постапка од област на урбанизмот и ГИС администрирање со шифра УПР 01 01 В01 000 во одделение за урбанизам и просторно планирање во Сектор за урбанизам и просторно планирање, лпкален економски развој и заштита на животната средина – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
25,023,00 ден

 

4.Советник за управување и развој на човечки ресурси со шифра УПР 01 01 В01 000 во одделение за управување со човечки ресурси – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
25,023,00 ден

 

5.Виш соработник за координација на буџетска контрола со шифра УПР 01 01 В02 000 во одделение за буџетска контрола во сектор за финансиски прашања – 2 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку две години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
21,996,00 ден

 

6.Самостоен референт за работи за градежно земјиште со шифра УПР 01 01 Г01 000 во одделение за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај во сектор за комунални дејности, инфраструктура, сообраќај и енергетска ефикасност – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
б)со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
15,688,00 ден

 

* Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнѕваат следниве општи услови:
-да е државјанин на РМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Општина Кичево, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишан за соодведно ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
-да е оценет со оцена ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое е согласно актот за систематизација на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерен оглас
-да поминал најмалку два години на тековното работно место, и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

* Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметено од денот на објавување на интерниот оглас.

*Пополнета пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во хартиена форма преку Архива на Општина Кичево, до Одделение за управување со човечки ресурси.

Дневно работно време : од 08:00 до 16:00
Работни денови: Понеделник – Петок
Неделно работно време: 40 часа

На невремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дискфалификува од натамошната постапка по овој оглас.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирање од страна на Градоначалникот на Општина Кичево

Download (DOCX, 14KB)