КОНКУРС

К О Н К У Р С

За поделба на стипендии на студенти за учебната година 2019/20

 

АПЛИКАЦИJА

Право за аплицирање на  овој конкурс имаат студенти кои студираат на некој од државните универзитети во Република Македонија или во еден од приватните универзитети во или надвор од земјата

УСЛОВИ

  1. Да се студенти од I,II, III, IV и V
  2. Да се редовни студенти
  3. Да не повториле во текот на студиите

Студентите од I ( прва) година треба да донесат фотокопија од диплома од средно образование како и сведителство од I до IV ( четврта) година, исто така и потврда за регистрација како редовен студент на универзитет.

Студентите од II ( втора ), III ( трета  ), IV (четврта), V (пета ) година како и постдипломски студии да достават потврда од оценки од предходната година или 80 % положени испити, како ипотврда дека е редовен студент на универзитетот.

Стипендии ќе се доделат за две категории на студенти и тоа:

  • За студенти со голем успех на студии, вкупно 20 стипендии
  • За студенти од сејмества со лоша финансиска состојба, вкупно 15 стипендии

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  • Формуларот за апликација кој можете да го земете од линкот
  • Фотокопија од лична карта или пасош
  • CV ( биографиjа)
  • Фотокапиja на индекс (двете страни, каде што е сликата и страната каде е заверен семестарот), фотокoпиja од свeдителство за четврта година (ако е студент на прва година)
  • Потврда дека е регистриран на Универзитет
  • Потврда за оценки
  • Потврда од завод за вработување и изјава на нотар од родител дека не е вработен
  • Потврда за приходи од членови на семејството или друга потврда каде ќе се утврдат месечните примања
  • Уверение од семејна положба

КРИТЕРИУМИ

Оценувањето на кандидатите од прва категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 60%
  2. Месечни примања – 30%
  3. Семјена положба – 10%

Оценувањето на кандидатите од втора категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 30%
  2. Месечни примања – 60%
  3. Семјена положба – 10% –

 

Оценувањето ќе се одвива според правилникот бр.09-1765/1 донесен од Општина Кичево, а на студентите без родители им се додаваат допонителни 10 бода

 

ИЗНОС НА СТИПЕНДИЈА

Износот на стипендијата за студентите кои се запишани во академската година 2018/2019 е 24.000 ден. кој ќе се исплати по 3.000 денари за 8 месеци

 

МЕСТО И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Апликациите за стипендија да се достават во архивата на Општина Кичево од 11:00 часот до 15:00 часот,  или преку пошта на адреса Општина Кичево ул.Борис Кидрич бр.1 до 30.09.2019 год.

Некомплетнни апликации нема да се разгледуваат од страна на комисијата

Системот за пресметка на поени се уредува со правилникот кој  е  донесен од страна на Општина Кичево, и е дел од овој конкурс каде што можете да го симнете на  www.kicevo.gov.mk

 

КОМИСИЈА

 

K O N K U R S 2019

RR E G U LL O R E – PRAVILNIK 2019

Formular 2019

ОГЛАС

Врз основа на План Програмата за организирање на Јавни работи низ територијата на Општина Кичево за 2019 год., Комисијата на Општина Кичево за избор на 50 кандидати кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи во територијата на Општина Кичево согласно Одлуката на Градоначалникот на Општина Кичево со бр. 09-1833/1 од 12.08.2018, го објавува следниот:

О Г Л А С

1. Се објавува Оглас за ангажирање на вкупно 50 невработени лица од загрозени социjални категори, кои ќе се ангажират за реализација на јавни работи на територијата на Општина Кичево, согласно Програмата за јавни работи.

2. За ангажирање во јавни работи на избираните кандидати ќе им се исплати паричен надоместок утврден со Договор со кој ќе се уредат и правата и обврските на договорените страни и тоа:

a) 6 лица со скратено работно време паричен надоместок во бруто износ од 7.600,оо денари,

б) 44 лица со полно работно време паричен надоместок во бруто износ од 11.800,оо денари,

3. Ангажирањето во јавни работи ќе се реализира во период од 03.09.2019 год., до 31.08.2020 год.

4. Кандидатите кои ќе конкурират треба да ги исполнат следниве услови:
– Да се жители на Општина Кичево (се докажува со увид на лична карта)

– Да се невработени (се докажува со Потврда од Агенција за вработување)

5. Огласот ќе биде истакнат на Огласната табла и Веб страна на Општина Кичево и истото ќе трае (5) пет дена од денот на објавувањето.

6. Барањата со комплетна документација да се достават до аркивата на Општина Кичево со назнака за Оглас за јавни работи 2019

Бр. 09-1893/1
19.08.2019 год.
Кичево

БАРАЊЕ

Соопштение

Им се соопштува на граѓаните на Општина Кичево дека почнувајќи од 06.08.2019 година, Општина Кичево ќе започне со заловување на улични кучиња, за таа цел ве известуваме домашните миленици да ги обележите со ланче за да не бидат заловени.

Download (PDF, 198KB)

СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на население од заразни болести, Општина Кичево Ви соопштува дека во деновите -22.07.2019 (понеделник) и 23.07.2019 (вторник)  година со почеток од 20:00 часот до раните утрински часови на територијата на Општина Кичево ќе се спроведе втора фаза од превентивна систематска дезинсекција. Се информират пчеларите да ги заштитат пчелните семејства. Доколку не дозволат временсикте услови дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.

Со почит,

ОПШТИНА КИЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Fatmir Dehari