За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерство за транспорт и врски Општина Кичево има аплицирано со три подпроекти за Реконструкција на ул. Борис Кидрич, Ужишка Република и патот кој ги поврзува н.м Грешница -Длапкин Дол, коj е дел од Тендер 2, кој проект во најскоро време ќе се започне со нивна имплементација на терен. Обврзани сме покрај националното законодавство во делот на животната средина, да ја испочитуваме и Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, која е финансиер на Проектот.

За реализирање на овој проект Општина Кичево преку Единицата за Имплементација на проектот (ЕИП) има воспоставено механизам за информирање на јавноста и активно следење на имплемнтација на проектот и можноста за активно следење на изведување на градежните работи, согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард 10, за животна средина и социјални апскети.

Механизамот за жалби и поплаки функсионира на таков начин што се дадени контакти од претставник на Единицата за имплементација на Проектот, назначени лица од Општината и претставници на месните заедници, а другиот документ е Образец за жалби и поплаки кој треба да се пополни од засегнати лица доколку имаат било каков проблем при изведување на градежни работи на терен и да се достави до назначените лица за Проектот, за да се разгледа и да се реши од страна на ангажираните Изведувач, Надзор и експертите од Единицата за имплементација на Проектот.