Општина Кичево со претпазливост ја следи создадената состојба во земјава со коронавирусот и во овој поглед има формирано Координативно тело кое постојано ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки што ги препорачува Владата. на РСМ. Надлежните институции се подготвени и работат на терен за да се спречи проширувањето на вирусната епидемија во нашиот град.
Со денешната седница на Координативното тело претседаваше градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари и апелира до граѓаните на Кичево да ги почитуваат препораките и заклучоците.

З А К Л У Ч О Ц И
НА КОРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА КИЧЕВО
ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПРОГЛАСЕНА ПО ПАНДЕМИЈАТА СО КОРОНА ВИРУСОТ

1. ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ОДЛУКИТЕ, НАСОКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИ, ВО ОДНОС НА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИИНФЕКЦИЈАТА СО ВИРУСОТ КОРОНА ;

2. ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ПОДРЖУВААТ И ПРИМЕНАТ МЕРКИТЕ ЗА ЛИЧНА И КОЛЕКТИВНА ХИГИЕНА КАКО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ТАКА И ВО РАБОТНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ИНАСТИТУЦИИТЕ ;

3. ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ АКТИВНОСТИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА, РАБОТНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ НА ОПШТИНА КИЧЕВО;

4. ДА СЕ АПЕЛИРА ДО МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ ДА НЕ СЕ ПАНИЧИ И ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ И ДА СЕ ПРИДРЖУВА КОН НИВ ;

5. ЛИЦАТА КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА И ДА НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ОТВОРЕНО И ГИ ЗАГРОЗАТ И ДРУГИТЕ ЛИЦА СО МОЖНО ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА ;

6. ВО САБОТА СЕ ВОВЕДУВА ЗАБРАНА ЗА РАБОТАТА НА ЗЕЛЕНИОТ И СТОЧНИОТ ПАЗАР, СО ЦЕЛ ДА НЕМА МАСИВНО ПАЗАРEЊЕ ПОРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ;

7. ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЕ ЗАБРАНУВА ГРУПНОТО ДВИЖЕЊЕ ВО СПОРТСКИОТ ТЕРЕН ВО КРУШИНО;

КОРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА КИЧЕВО

Кординативното тело на Општина Кичево, ја разгледуваше ситуацијата со Ковид 19

Posted by Televizija Uskana on Thursday, March 19, 2020