За да се подобри хигиената на градската инфраструктура и да се зголеми безбедноста во борбата со коронавирусот, комуналното претпријатие од Кичево во соработка со општината, презеде сеопфатна акција со која секојдневно во два наврати, темелно се дезинфицираат и мијат улиците, а овој зафат ќе помогне вирусот да не се шири и преку подлогата, а и хигиената во целиот град ќе биде на многу повисоко ниво.
Исто така, сите детски градинки, основни и средни училишта се целосно дезинфицирани.