ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010,135/11 и 55/16), и Програмата за поддршка на локален економски развој за 2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кичево, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево

за 2019 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој, средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, за проекти кои влијаат кон јакнење на капацитетот на здруженија и нво кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби и слично.Со овој повик  ќе бидат поддржани исклучиво здруженијата и фондациите кои се регистрирани како такви и истите  имаат ПОДНЕСЕНО извештај за реализација на проектните активности , доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за предходната фискална година. Здруженијата и Фодациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини.

2. Предвидени средства –За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година во висина од 300.000,00 денари.

3. Доставување извештај Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Одделението за Лер и Секторот за финансии на Општина Кичево.

4. Основни организациски критериуми-Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации

– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес

5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

1. Пријава за финансиска поддршка

2. Предлог проект

3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата

4.Извештај за реализација на проектните активности, доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за претходната фискална година.

 6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 (дваесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево.

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.

Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево.Пријавите за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Формуларот за предлог –проект  ке можат да се подигнат од архивата на општина Кичево и web.kıcevo.gov.mk

Претседател на Комисија

_________________________

Formular 1

Formular 2

 

ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на Програмата за поддршка на локалниот економски развој во која е предвиден буџет за „Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината“ и за „Субвенционирање за вработување“ со цел Создавање на конкурентна економија во приватниот бизнис, поддршка на развојот на МСП и претприемништвото, како и врз основа на Оперативниот план и насоки за спроведување на мерки за самовработување, Општина Кичево го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС

за невработени лица и работодавачи од микро и мали претпријатија

  1. Се повикуваат невработените лица на територијата на Општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање на нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување. Работодавачите кои ќе обезбедат дополнително работно место за невработени лица и невработените лица кои своето вработување сакаат да го реализираат со финансиска поддршка обезбедена од Општина Кичево, врз основа на претходно утврдени Оперативен план и насоки за спроведување на мерките за самовработување, треба да поднесат пријава во архивата на Општина Кичево.
  2. Предвидените мерки за самовработување вклучуваат:
    -Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината.
    -Субвенционирање за ново работно место
  3. Мерка 1. Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината

Кандидатите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да регистрираат правен субјект во Централен регистар на РМ,

– да се самовработат

– да добијат финансиска поддршка за изработка на бизнис план (износот ќе биде одбиен од вкупната сума на добиениот грант)

– да користат грант за опрема/материјали во максимален износ од 180.000,00 денари и ослободување од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години.

– да овозможат услови за непречено следење на работата на правниот субјект за времетраење на договорот

Доколку селектираните корисници на грант кои потпишале договор со општината, не ги почитуваат преземените обврски во Договорот, ќе бидат применети предвидените санкции во случај на неисполнување на обврските:

– во случај на престанување со вршење на дејност на правниот субјект пред истекот на две години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето кое ја основало фирмата има обврска, во рок од 12 месеци да врати:

– 80% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од започнување на бизнисот

– 60% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на втората година од започнување на бизнисот

– Доколку по истекот на било кои 3 (три) последователни месеци од регистрација на бизнисот во текот на 2 (две) години од регистрирањето на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Општина Кичево испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на 2 (два) месеци од денот на доставување на опомената лицето корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Општина Кичево ќе започне постапка за враќање на искористените средства од програмата

  1. Потребни документи за аплицирање

– формулар за аплицирање

– бизнис план

– потврда дека не е вработен

  1. Правата и обврските од точка 3 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните кандидати

 Мерка 2. Субвенционирање за ново работно место

Компаниите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да користат субвенции на плата (исплата на придонеси на минимална плата, од задолжително осигурување) за дополнително вработување на едно или повеќе лица за период од 12 месеци, со обврска лицето/лицата да продолжи да работи најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето

– да бидат ослободени од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години

– Правниот субјект кој ќе вработи дополнително лице и ќе биде корисник на мерката за субвенционирано работно место, има обврска да го задржи лицето на работа најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето или на негово место да вработи друго невработено лице. Во спротивно работодавачот ќе треба да ги врати искористените средства во целост, во рок од 12 месеци.

Потребни документи за аплицирање

формулар за аплицирање

– тековна состојба

– потврда за бројот вработени (од агенција за вработување)

Доколку дополнително вработеното лице даде отказ на работното место за времетраење на субвенционирањето, во тој случај субвенционирањето од страна на општината престанува додека не се најде замена за работникот или трајно.

  1. Правата и обврските од мерка 2 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните компании
  2. Заинтересираните кандидати од точка 1 на овој Оглас, можат да поднесуваат пријави во архивата на Општина Кичево, секој работен ден од 10 – 15 часот, најдоцна до 16.08. 2019 година
  3. Заинтересираните кандидати за аплицирање, пријавите можат да ги најдат по долу.
  1. Дополнителни информации во врска мерките за самовработување кои ги спроведува Општина Кичево, може да се добијат на веб страната www.kicevo.gov.mk или во просториите на Општина Кичево

Оперативен план и насоки за спроведување на мерки за самовработување во Општина Кичево

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ / мерка 1

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА КОМПАНИИ / мерка 2

Технички опис на бизнис идејата со спецификација на потребната опрема и материјали

ОПШТИНА КИЧЕВО

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 22,  став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа  ( „ Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 3, став 1, точка 3 од Законот за комунални такси ( „ Службен весник на РМ“ бр. 61/05, 92/07 и 123/12,154/15 dhe 23/16 ) и Одлуката за поставување на маси и опрема за комерцијални услуги на подрачјето на Општина Кичево бр. 07-1188/5 од датум 17.12.2010 (Службен гласник на Општина Кичево бр.6/2006 и 12/2010. За користење на површината пред деловните објекти за вршење дејност. Oпштина Кичево објавува:

ЈАВЕН   ПОВИК

За вршење на трговска и угостителска дејност на  јавни површини пред   деловен  простор

  1. Се повикуваат сите правни и физички лица, корисници на јавни површини, регистрирани за вршење на соответната дејност, да поднесат Барање до Општина Кичево за да добијат Одобрение за поставување на елементи за изложување на производи за извршување на трговската дејност или угостителска дејност на јавни површини, пред деловниот простор;
  2. Рокот за поднесување е 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во web страницата на Општина Кичево, kercova.gov.mk, како и во локалните медиуми во Кичево.
  3. Корисниците на јавните површини кои нема да се јават  на повикот во одредениот рок, ќе бидат принудени, освен редовната да плаќаат повисока такса зголемена за 30%, согласно Законот за комунални такси.
  4. Контролата за согледување на состојбата на корисниците за поседување на  одобренија, ќе ја извршат  надлежните инспектори кои согласно позитивните законските норми, ќе составуваат Записници и ќе превземаат и казнени мерки.

Општина   Кичево
Градоначалник
Fatmir Dehari

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево и поддршка на здружениа на грѓаните за 2019 година  ( Службен Гласник бр. 02/2019 ), Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, наменети за поддршка на културните здруженија

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, согласно Програмата од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на културните здружениа на грѓаните за 2019 година  бр. 08-414/16 од 25.2.2019, средства наменети за финансирање на програмски културни активности, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите од Методологијата бр.08-600/24 од 14.03.2016 опишани во овој повик.

  1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски културни активности, за проекти од следниве категории:

Поддршка на проекти и активности за организирање  на фестивали, одбележување јубилејни настани и значајни датуми, финансирање на културни манифестации, поттикнување на современото творештво и промоција на културното наследство.

  1. Предвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2017 година и тоа:

  • Финансирањето на локалниот интерес во културата на Оштина Кичево, како и реализцијата на оваа програма ќе се одвива како што следува:
  1. Организирање на фестивали,……………………………………….600 000 ден.
  2. Одбележување јубилејни настани и значајни датуми,………….600 000 ден.
  3. Финансирање на културни манифестации,………………………650 000 ден.
  4. Поттикнување на современото творештво,………………………250 000 ден.
  5. Промоција на културното наследство……………………………..300 000 ден.
  6. Помагање на манифестациите на младите со културни-уметнички и забавно-едукативни содржини……………………………………………………300 000 ден.
  1. Доставување извештај

На културните здруженија ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за финансирање на активностите од областа на културата од интрес на Општина Кичево, и поддршка на здружениа на грѓаните за 2019 година и по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.

  1. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат спортските здруженијати екипи кои ќе учествуваат на овој повик се:

  • Капацитет на организацијата
  • Релевантност на акцијата
  • Ефекти во средината
  • Одржливост на проектот
  • Сопствено учество во кофинансирање (со време, опрема, човечки ресурси)
  • Конзистентност на проектот (цели-активности-резултати-буџет)
  • Прецизна поделба на улогите на партнерите
  1. Потребна документација што здружението треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани:

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Буџет апликација
  3. Решение за регистрација на здружението;
  4. Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Кичево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација ( доколку здружението била корисник на средства доделени од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година ).

Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финасиска подршка за проект или манифестација.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.

Изборот на апликациите и исплата на средствата ќе се изврши по завршувањето на Претседателските избори 2019.

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 (дваесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево www.kicevo.gov.mk

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во Архивата на општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на културните  здруженија за 2017 година.

Културните здруженијата, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на културните здруженијата кои добиле средства за проектите и активностите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на културните здруженија и Формуларот за предлог –проект и активности  ќе можат да се подигнат од Архивата на општина Кичево и web.www.kıcevo.gov.mk

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Наративен извештај за реализација на прпект

Буџет апликација

БУЏЕТ

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

План за мониторинг и евалуација

 

Општина Кичево

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК 

Општина Кичево, во согласност со Одлуката на Советот на Општина Кичево, бр. 07-975/12, од 08.04.2015 год., („Сл. Гласник„ бр. 4/2015), за основање на Младински совет, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за избор на члeнови на Младински совет на Општина Кичево

Заинтересираните за учество на конкурсот треба да ги исполнат следниве услови:
-Да бидат жители на општина Кичево;
-Да бидат на возраст од 15-27 години;
– Да немаат криминално досие;
– Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.

Оние кои ги исполнуваат горенаведените услови, најдоцна до 29.03.2019 год. 16:00 часот, ќе треба на e-маилот: youthcouncil@kercova.gоv.mk да достават:

– Мотивационо писмо;
– Кратка биографија – CV;
– Потврда дека cе ученици/студенти, односно потврда за завршено образованиe;
– Уверенија добиени од курсеви, обуки, натпревари итн.

-Писмени предлози од предлагачите и овластените предлагачи (доколку ги има).

Општина Кичево
            Градоначалник             

                                                                                       Fatmir Dehari

Download (PDF, 461KB)

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Програмата за активностите на Општина Кичево во областа на Спортот и Рекреацијата во 2019 год. (Службен Гласник бр. 13/2018), Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, согласно Програмата од областа на спортот и рекреацијата бр.08-3134/6 од 20.12.2018 год., средства наменети за финансирање на програмски активности на спортски здруженија и екипи ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на спортски здруженија и екипи, за проекти од следниве категории:
Поддршка на проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови; поддршка на проекти за подигање на нивото на боречките спортови; проекти кои влијаат кон подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците; проекти за организирање на традицонални спортски aктивности.

2. Предвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година и тоа:

I. За поддршка на спортски здруженија и спортски екипи, во вкупен износ од 3 160 000,00 денари, преку проекти од следниве приоритетни области:
1. Поддршка на проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови на територија на Општина Кичево
2. Поддршка на проекти за подигање на нивото на боречките спортови на територија на Општина Кичево
3.Поддршка за футбалските школи
4. Подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците на територија на Општина Кичево.

II. За поддршка на спортисти и други активности за спорт и рекреација, во вкупен износ од 300 000,00 денари, преку програмски проекти од следниве приоритени области:
1. Организирање на традицонални спортски aктивности на територија на Општина Кичево

3. Доставување извештај
Спортските здруженија и екипи на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за спорт и рекреација, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.

4. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат спортските здруженија и екипи
кои ќе учествуваат на овој повик се:
1.Капацитет на организацијата
2.Релевантност на акцијата
3.Ефекти во средината
4.Оддржливост на проектот
5.Сопствено учество во кофинансирање (со време, опрема, човечки ресурси)
6.Конзистентност на проектот (цели, активности, резултати, буџет)
7.Прецизна поделба на улогите на партнерите
8.Субјектите мора да делуваат на територијата на Општина Кичево.

5. Потребна документација која здружението/екипата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и екипи
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
1. Пријава за финансиска поддршка;
2. Буџет апликација
3. Решение за регистрација на здружението или екипата;
4. Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Кичево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку здружението била корисник на средства доделени од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година);
Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финасиска подршка за проект или манифестација.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок
нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е до: 08.03.2019 год.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Кичево ул.БорисКидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака – За поддршка на спортски здруженија и екипи за 2019 година.
Спортските здруженија и екипи, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево.
Називите на спортските здруженија и екипи кои добиле средства за проектите и активностите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на спортските здруженија и екипи и Формуларот за предлог–проект и активности ке можат да се преземат од подолу наведениот линк

Формулар за пријавување

Буѓет апликација

ОПШТИНА КИЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Fatmir Dehari

ЈАВЕН ПОВИК

Република Македонија

Општина Кичево

Врз основа на Законот за даноците на имот („Сл.Весник на Рм„ бр.61/2004, 64/2005, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,154/2015, 192/15, и 23/16 ) и во согласност со Законот за општа управна постапка („Сл.Весник на Рм„ бр.38/2005, 110/2008, 118/2008, 51/2011 и 145/15), Градоначалникот на Општина Кичево, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 За сите физички  и правни лица кои поседуваат имот во територијата на Општина Кичево, а за истот не е извршено оданочување, врз основа на Законот за даноците на имот се задолжуваат да поднесат даночна пријава до 31 Јануари 2019.

И тоа за:

 Имот со кој се стекнале или почнале да го користат во текот на 2018 година, а за кој не е поднесена даночна пријава.

  1. Имот во кој е настаната промена на сопственоста.
  2. Имот во кој е настаната промена на податоците опфатени во даночната пријава која претходно било поднесена, а која има влијание во висината на даночната обврска.
  3. Сите горенаведени даночни обврзници кои поседуваат имот која се оданочува, а за истото до 2019 година не е поднесена даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Доколку, даночниот обвзник не поднесува даночна пријава во одредениот рок, ќе се постапи врз основа на одредбите кој ги предвидува законот.За негативните последици (парична казна, дополнителни трошоци идр.), кои евентуално може да настанат, тие ќе ги сноси странката.

За да доставите даночна пријава, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, ул:„Борис Кидрич„ бр.1,Одделение за данок и комунални такси, Канцеларија бр.27.

Општина Кичево / Komuna e Kërçovës

Градоначалник / Kryetar

Fatmir Dehari

    _______________ 

ЈАВЕН ПОВИК

Градоначалникот на Општина Кичево врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска подршка на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,,Сл. Весник на РМ,, бр. 209/2018), објавува :

 

 

Ј А В Е Н     П О В И К

 

 

Се  повикуваат сите доверители који имаат доспеани а неплатени обврски кон Општина Кичево и единките корисници основани од  ЕЛС  Општина  Кичево, да се пријават во просториите на Општина Кичево (Кабинет на градоначалникот),  со цел на спогодбено утврдување  на  износот  на  обврските .

Пријавата треба да содржи:

  • Целосен назив на доверителот
  • Матичен или даночен број
  • Износ на долгот
  • Контакт лице, тел/моб и е-маил

Пријавата може да симне од веб страната на Општина Кичево овде

Download (DOCX, 12KB)

или во просторите на Општина Кичево

 

За обврските на општината и обврските на единките корисници градоначалникот   ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои ќе  се јават по јавниот повик, за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските .

 

Овој  Јавен повик важи за сите доверители и единките корисници, кои имаат пријавено  доспеани  а  неплатени  обврски  евидентирани  во  Електронскиот систем за  пријавување  и  евиденција  на обврските заклучно  со месец Септември 2018 година .

За датумот и местото на одржување на преговорите, доверителите кои ќе се пријават ќе бидат дополнителни известени.

 

Јавниот повик трае заклучно со 14. 12. 2018 година  до  15,оо часот.

 

 

 

 

Бр.09-3069/1

  1. 06. 12. 2018 год. ОПШТИНА КИЧЕВО

Кичево

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Закон за административни службеници ( Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), како и Правилник за систематизација на работните места во Општина Кичево бр.08-1761/2 од 17.09.2015, Правилник за измена и дополна на правилник за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Кичево ( бр.09-1386/1 од 26.05.2016 год, бр.04-2227/2 од 06.09.2016 год , бр.04-508/1 од 22.02.2018 год бр.09-955/1 од 24.04.2018 год, 09-1990/3 од 08.08.2018 година и бр.09-2309/3 14.09.2018 ), Градоначалникот на Општина Кичево, објавува :

ИНТЕРЕН ОГЛАС
број 01/2018
За потполнување на работните места со унапредување

1.Раководител на сектор за финансиски прашања со шифра УПР 01 01 Б02 000 во Сектор за финансиски прашања – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а)стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство, и тоа : најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-потврда за положен испит за административно управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
35,872,00 ден

 

2.Раководител на одделение за заштита на животната средина со шифра УПР 01 01 Б04 000 во Одделение за заштита на животна средина во Сектор за урбанизам и просторно планирање, лoкален економски развој и заштита на животната средина – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б)со работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-потврда за положен испит за административно управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
28,303,00 ден

 

3.Советник за водење постапка од област на урбанизмот и ГИС администрирање со шифра УПР 01 01 В01 000 во одделение за урбанизам и просторно планирање во Сектор за урбанизам и просторно планирање, лпкален економски развој и заштита на животната средина – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
25,023,00 ден

 

4.Советник за управување и развој на човечки ресурси со шифра УПР 01 01 В01 000 во одделение за управување со човечки ресурси – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
25,023,00 ден

 

5.Виш соработник за координација на буџетска контрола со шифра УПР 01 01 В02 000 во одделение за буџетска контрола во сектор за финансиски прашања – 2 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен
б) со работно искуство во струката, најмалку две години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
21,996,00 ден

 

6.Самостоен референт за работи за градежно земјиште со шифра УПР 01 01 Г01 000 во одделение за комунални дејности, инфраструктура и сообраќај во сектор за комунални дејности, инфраструктура, сообраќај и енергетска ефикасност – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :
а) стручни квалификации- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
б)со работно искуство во струката, најмалку три години работно искуство
в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски)
Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува:
15,688,00 ден

 

* Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнѕваат следниве општи услови:
-да е државјанин на РМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Општина Кичево, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишан за соодведно ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
-да е оценет со оцена ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое е согласно актот за систематизација на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерен оглас
-да поминал најмалку два години на тековното работно место, и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

* Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметено од денот на објавување на интерниот оглас.

*Пополнета пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во хартиена форма преку Архива на Општина Кичево, до Одделение за управување со човечки ресурси.

Дневно работно време : од 08:00 до 16:00
Работни денови: Понеделник – Петок
Неделно работно време: 40 часа

На невремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дискфалификува од натамошната постапка по овој оглас.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирање од страна на Градоначалникот на Општина Кичево

Download (DOCX, 14KB)