Известување

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија.

Сите истражувања, и меѓународни и домашни, покажаа дека најголемите концентрации на загадувачки супстанци се јавуваат во текот на зимскиот период за време на грејната сезона.

Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа студија потврдидека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето.

Греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Битола, Кичево, Тетово, како и во Скопската котлина, односно во Скопје. Токму затоа, овие четири града се ставени во врвот на приоритетите за решавање на овој сериозен проблем којшто е закана по здравјето за граѓаните што живеат во овие средини.

Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност. Затоа, како една од клучните мерки против загадувањето на воздухот, на предлог на Министерството за животна средина, е прифатена еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните за набавка инвертер клима уреди за домаќинствата кои се греат на дрва или на другинееколошки енергенси и уреди.

На оваа мерка се одлучивме бидејќи греењето со инвертер клима уреди е еден од најеколошките начини за греење.

Истовремено, споредбено, ценовно, со сегашните цени на електрична енергија и цените на пазарот на дрва, греењето со инвертер клима уреди е и далеку најевтино.

Kомпаративната анализа на вкупните трошоци за греење на површина од 60 м2, покажува дека при греење со инвертер клима уреди, едно домаќинство ќе го чини 11.734,00 денари, со дрва 18.586,00 ден- што е за 58% повеќе, со пелети 26.010,00 ден– што е за 122% повеќе, со нафта за домаќинство 43.038,00 денари – што е за 267% повеќе и со панел радијатори 35.831,00 ден– што е за 205% повеќе во однос на инвертер климите.

На седница на Владата се усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје.

Овие градови, како најпогодени од загадениот воздух, се вклучени во оваа прва фаза од спроведувањето на оваа мерка. Истата потоа ќе продолжи да се применува и во другите градови во наредните фази.

Субвенционирањето ќе се однесува за оние домаќинства што користат енергетски неефикасни уреди за греење, со што влијаат на зголемување на концентрација на РМ 10 и РМ 2.5, односно оние домаќинства што користат тврди горива, дрво и јаглен и фосилни горива со висока емисија на јаглероден диоксид и штетни ПМ честички, како што е нафтата. Греењето што загадува и го загрозува здравјето на луѓето, го менуваме со еколошко и поевтино греење.

За реализацијата на оваа еколошка мерка, Владата на Република Северна Македонија наиде на одлично разбирање од страна на АД Електрани на Северна Македонија.

Оваа компанија во државна сопственост покажа исклучително високо чувство за општествена одговорност и се согласи, во оваа прва фаза од оваа мерка да донесе одлука за обезбедување на средства во висина од 618.000.000 денари, или 10 милиони евра, за имплементација на субвенционирањето на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди.

Оваа мерка ќе опфати 10.000 домаќинства, и тоа во градот Скопје 5200 домаќинства, во општина Битола 2500 домаќинства, во општина Тетово 1500 домаќинства, и во општина Кичево 800 домаќинства.

Тоа значи дека секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1000 евра во денарска против вредност, што е сосема доволно за набавка на ефикасен клима инвертер од добавувачите на овие уреди кои ќе бидат вклучени во оваа мерка.

За начинот и текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива, граѓаните ќе бидат детално запознаени преку кампања од јавен интерес која ќе ги запознае и ќе им помогне на наједноставен можен начин да бидат корисници на оваа мерка.

Овој еколошки проект, како и другите што ќе бидат преземени за целосно справување со загадениот воздух има за цел во наредните три години целоснода биде елиминирано користењето на печките на тврди и фосилни горива во фази во наредните 3 години.

Здравјето на нашите граѓани и здравата животна средина е нашиот приоритет, и тоа ќе остане така сѐ додека постојат закани во однос на овие прашања.

 

Главни поенти на мерката се:

  1. Со оваа мерка граѓаните штедат, бидејќи тоа е најевтин начин на греење и тоа го покажуваат пресметките
  2. Греењето со дрва и други тврди средства најмногу го загадува воздухот кој го дишеме ние и нашите деца, а загадува и внатре нашиот дом, затоа е многу важно да го замениме со еколошки начин на греење
  3. Мерката треба да ги помогне оние на кои повеќе им е потребна помош за промена на начин на греење, а тоа се семејства кои имаат приходи до 30 000 мкд

Njoftim

Komuna e Kërçovës organizon turneun në futboll të vogël “Gurra 2019”

Edicioni më i ri i turneut tradicional në futboll të vogël ” Gurra 2019″ , do mbahet nën kujdestarin e komunës së Kërçovës dhe kryetarit Fatmir Dehari

Turneu do mbahet në sallën e re në Ivanidoll , me nxemje që do sigurohet nga komuna

Paraqitja e ekipeve deri më 25 dhjetor

Turneu do zgjas vetëm tre ditë , edhe atë më 28 , 29 , dhe 30 dhjetor kur do zhvillohet finalja e turneut.

Shpërblimet: vendi parë 1200 euro , vendi dytë 600 euro dhe lojtari më i mirë 100 euro portjeri më i mirë gjithashtu 100 euro.

Numri i ekipeve i kufizuar , për informata drejtohuni në tel 070 223 258

Edhe këtë vit mbështetës medial i turneut tv Gurra , ejani të luajm e të argëtohemi!

FATMIR DEHARI STREHON 30 FAMILJE

Kryetari i Komunës së Kërçovës Fatmir Dehari dhe Drejtori i Qendrës për Punë dhe Politikë Sociale Dashmir Limani, në bashkëpinim me Kryqin e kuq të udhëhequr nga Sekretari Besnik Selimi dhe Komandanti i Shtabit të krizave pranë Komunës së Kërçovës Ramiz Rexhepi, strehuan 30 familje rome shtëpitë e të cilëve u përmbytën nga rreshjet e fundit të shiut. Për personat në nevojë është siguruar ushqimi, mjetet higjienike, përkujdesja mjekësore dhe gjithçka që nevojitet. Gjithsej objekte të dëmtuara janë 122 të cilat sot janë evidentuar, ndërsa gjatë ditëve në vijim do të bëhet vlerësimi i dëmit.
Ekipet komunale të NP ” Komunalec ” me mjetet e nevojshme teknike janë në terren dhe vazhdimisht merren me pastrimin e shtratit të lumit për të normalizuar situatën e shkaktuar nga fatkeqësitë natyrore.