Почитувани,
Ве известуваме дека, во поднесеното барање за надоместување на трошоците за набавка на високоефикасни инвертер-клима уреди за 2020 година за граѓаните на подрачјето на Општина Кичево, ги има сите потребни документи кои се неопходни за преминување во втора фаза.
Потребните документи за втора фаза, може да ги земете во архивата на Општина Кичево или на веб страницата на Општина Кичево.
Со доставување на документите од втора фаза, потребно е да доставите и трансакциска сметка.
Кризиот штаб – Координативното тело на Општина Кичево во согласност со мерките и препораките дадени од Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, одлучи:
• Секое непочитување на мерките ќе биде казнето според важечките закони и уредби.
Општина Кичево со претпазливост ја следи создадената состојба во земјава со коронавирусот и во овој поглед има формирано Координативно тело кое постојано ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки што ги препорачува Владата. на РСМ. Надлежните институции се подготвени и работат на терен за да се спречи проширувањето на вирусната епидемија во нашиот град.
Со денешната седница на Координативното тело претседаваше градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари и апелира до граѓаните на Кичево да ги почитуваат препораките и заклучоците.
З А К Л У Ч О Ц И
НА КОРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА КИЧЕВО
ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПРОГЛАСЕНА ПО ПАНДЕМИЈАТА СО КОРОНА ВИРУСОТ
1. ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ОДЛУКИТЕ, НАСОКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИ, ВО ОДНОС НА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИИНФЕКЦИЈАТА СО ВИРУСОТ КОРОНА ;
2. ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ПОДРЖУВААТ И ПРИМЕНАТ МЕРКИТЕ ЗА ЛИЧНА И КОЛЕКТИВНА ХИГИЕНА КАКО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ТАКА И ВО РАБОТНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ИНАСТИТУЦИИТЕ ;
3. ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ АКТИВНОСТИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА, РАБОТНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ НА ОПШТИНА КИЧЕВО;
4. ДА СЕ АПЕЛИРА ДО МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ ДА НЕ СЕ ПАНИЧИ И ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ И ДА СЕ ПРИДРЖУВА КОН НИВ ;
5. ЛИЦАТА КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА И ДА НЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ОТВОРЕНО И ГИ ЗАГРОЗАТ И ДРУГИТЕ ЛИЦА СО МОЖНО ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА ;
6. ВО САБОТА СЕ ВОВЕДУВА ЗАБРАНА ЗА РАБОТАТА НА ЗЕЛЕНИОТ И СТОЧНИОТ ПАЗАР, СО ЦЕЛ ДА НЕМА МАСИВНО ПАЗАРEЊЕ ПОРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ;
7. ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЕ ЗАБРАНУВА ГРУПНОТО ДВИЖЕЊЕ ВО СПОРТСКИОТ ТЕРЕН ВО КРУШИНО;
КОРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА КИЧЕВО
Кординативното тело на Општина Кичево, ја разгледуваше ситуацијата со Ковид 19
Posted by Televizija Uskana on Thursday, March 19, 2020
Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија.
Сите истражувања, и меѓународни и домашни, покажаа дека најголемите концентрации на загадувачки супстанци се јавуваат во текот на зимскиот период за време на грејната сезона.
Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Таа студија потврдидека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето.
Греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Битола, Кичево, Тетово, како и во Скопската котлина, односно во Скопје. Токму затоа, овие четири града се ставени во врвот на приоритетите за решавање на овој сериозен проблем којшто е закана по здравјето за граѓаните што живеат во овие средини.
Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност. Затоа, како една од клучните мерки против загадувањето на воздухот, на предлог на Министерството за животна средина, е прифатена еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните за набавка инвертер клима уреди за домаќинствата кои се греат на дрва или на другинееколошки енергенси и уреди.
На оваа мерка се одлучивме бидејќи греењето со инвертер клима уреди е еден од најеколошките начини за греење.
Истовремено, споредбено, ценовно, со сегашните цени на електрична енергија и цените на пазарот на дрва, греењето со инвертер клима уреди е и далеку најевтино.
Kомпаративната анализа на вкупните трошоци за греење на површина од 60 м2, покажува дека при греење со инвертер клима уреди, едно домаќинство ќе го чини 11.734,00 денари, со дрва 18.586,00 ден- што е за 58% повеќе, со пелети 26.010,00 ден– што е за 122% повеќе, со нафта за домаќинство 43.038,00 денари – што е за 267% повеќе и со панел радијатори 35.831,00 ден– што е за 205% повеќе во однос на инвертер климите.
На седница на Владата се усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје.
Овие градови, како најпогодени од загадениот воздух, се вклучени во оваа прва фаза од спроведувањето на оваа мерка. Истата потоа ќе продолжи да се применува и во другите градови во наредните фази.
Субвенционирањето ќе се однесува за оние домаќинства што користат енергетски неефикасни уреди за греење, со што влијаат на зголемување на концентрација на РМ 10 и РМ 2.5, односно оние домаќинства што користат тврди горива, дрво и јаглен и фосилни горива со висока емисија на јаглероден диоксид и штетни ПМ честички, како што е нафтата. Греењето што загадува и го загрозува здравјето на луѓето, го менуваме со еколошко и поевтино греење.
За реализацијата на оваа еколошка мерка, Владата на Република Северна Македонија наиде на одлично разбирање од страна на АД Електрани на Северна Македонија.
Оваа компанија во државна сопственост покажа исклучително високо чувство за општествена одговорност и се согласи, во оваа прва фаза од оваа мерка да донесе одлука за обезбедување на средства во висина од 618.000.000 денари, или 10 милиони евра, за имплементација на субвенционирањето на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди.
Оваа мерка ќе опфати 10.000 домаќинства, и тоа во градот Скопје 5200 домаќинства, во општина Битола 2500 домаќинства, во општина Тетово 1500 домаќинства, и во општина Кичево 800 домаќинства.
Тоа значи дека секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1000 евра во денарска против вредност, што е сосема доволно за набавка на ефикасен клима инвертер од добавувачите на овие уреди кои ќе бидат вклучени во оваа мерка.
За начинот и текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива, граѓаните ќе бидат детално запознаени преку кампања од јавен интерес која ќе ги запознае и ќе им помогне на наједноставен можен начин да бидат корисници на оваа мерка.
Овој еколошки проект, како и другите што ќе бидат преземени за целосно справување со загадениот воздух има за цел во наредните три години целоснода биде елиминирано користењето на печките на тврди и фосилни горива во фази во наредните 3 години.
Здравјето на нашите граѓани и здравата животна средина е нашиот приоритет, и тоа ќе остане така сѐ додека постојат закани во однос на овие прашања.
Главни поенти на мерката се:
Им се соопштува на граѓаните на Општина Кичево дека почнувајќи од 06.08.2019 година, Општина Кичево ќе започне со заловување на улични кучиња, за таа цел ве известуваме домашните миленици да ги обележите со ланче за да не бидат заловени.
Согласно Законот за заштита на население од заразни болести, Општина Кичево Ви соопштува дека во деновите -22.07.2019 (понеделник) и 23.07.2019 (вторник) година со почеток од 20:00 часот до раните утрински часови на територијата на Општина Кичево ќе се спроведе втора фаза од превентивна систематска дезинсекција. Се информират пчеларите да ги заштитат пчелните семејства. Доколку не дозволат временсикте услови дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.
Со почит,
ОПШТИНА КИЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Fatmir Dehari
Njoftohen shoferët e furgonëve (mini busëve) dhe udhëtarët që udhëtojnë me këtë lloj automjetesh se nga dita e shtunë, 06.07.2019, vendparkimi i furgonëve do të jetë në lokacionin e ri, në përputhje me Vendimin e Këshillit të Komunës së Kërçovës, respektivisht në rr.,,Lubica Bogeska,, , afër QT ,,Arabella,,.
Komuna e Kërçovës