Соопштение

Соопштение,

Општина Кичево започна со доставување на решенијата за данок на имот. За 2018 година се печатени севкупно 17.276 решенија, кои што даночните обврзници се должни да ги наплатат до крајот на 2018 година. Вкупната вредност на данокот на имот е 22.350.054 денари.

Општина Кичево повикува да се наплатат во предвидениот рок со решенијата.
Наплатувајќи го данокот на имот, Вие станувате дел од капиталните инвестиции на Општина Кичево, исто така придонесувате во подобрувањето на животот во вашата општина. Данокот на имот ќе се употреби за инвестиции, подобрување и изградба на улици, водоснабдување, изградба и подобрување на канализациони мрежи, создавање на јавни зелени површини, подобрување на условите по училиштата, јавната чистота, проширувањето на јавното осветлување и многу други проекти во интерес на граѓаните. Со наплата на данокот на имот, Вие сте дел на промената на Вашиот град, Вашето село, Вашата населба.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на население од заразни болести, Општина Кичево ви соопштува дека во деновите 11.06.2018(понеделник) и 12.06.2018(вторник) година со почеток од 20:00 часот до раните утрински часови на територијата на Општина Кичево ќе се спроведе превентива систематска дезинсекција. Се информират пчеларите да ги заштитат пчелите. Доколку не дозволат временските услови дезинсекцијата ќе се одложи за што дополнително ќе ве известиме.

Download (PDF, 322KB)