Известување

Екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во прилог. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во КЕЦ КИЧЕВО

КИЧЕВО: ул.Јанко Михајлоски (према маркет Атва) и Маркет АТВА  како и околните објекти. во период од 01.4.2021  08:30:00 до 01.4.2021  10:30:00

Со почит

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член  48 и член 49  од Законот за Административни службеници („Службен Весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16, 11/18 и „Службен Весник на РСМ бр.275/19, 14/20“),  и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава  за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), како и Правилник за систематизација  на работните места во Општина Кичево, Градоначалникот на Општина Кичево, објавува :        

ИНТЕРЕН ОГЛАС
број  01/2021 За потполнување на работните места со унапредување  

1. Раководител на одделение зауправување со човечки ресурси – со шифра  УПР 01 01 Б04 000 во – 1 извршител
Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :

а) стручни квалификации- ниво на квалификации  VI A според  Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки

б) со работно искуство во струката,  најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски) – потврда за положен испит за административно управување.  

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува: 31.446,00 ден    

2. Виш Соработник за Водење на постапките за јавни набавки УПР 01 01 В02 000 во Одделението за јавни набавки -1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :

а) стручни квалификации- ниво на квалификации  VI Б според  Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или  Јавна управа и администрација

б) со работно искуство во струката,  најмалку две години работно искуство во струката;

в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски).

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува: 26.335,00 ден

 Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнѕваат следниве општи услови:
-да е државјанин на РСМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.          
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Општина Кичево, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишан за соодведно ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и: -да е оценет со оцена А” или Б при последното оценување на кое бил оценуван, – да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас, – да поминал најмалку две години на истото ниво и – да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.     
*  Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметено од  денот на објавување на интерниот оглас.  *Пополнета пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во хартиена форма преку Архива на Општина Кичево, до Одделение за управување со човечки ресурси.  
Дневно работно време од 08:00 до 16:00
Работни денови: Понеделник – Петок
Неделно работно време: 40 часа  
На невремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дискфалификува од натамошната постапка по овој оглас.   Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирање од страна на Градоначалникот на Општина Кичево.                      

Thank you for sharing your blog site. cialis price in south africa Henry Pourner 17 August , 8 h 47 min.

АПЕЛ

АПЕЛ
до жителите на Општина Кичево
Потсетуваме, на максимална одговорност, доследно следење и практикување на препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.
Потсетуваме дека сите граѓани имаат обрвска да ги почитуваат мерките за носење на лична заштитна опрема, да држат растојание и да одржуваат хигиена, со цел да не го доведуваат во ризик здравјето на своите најблиски, особено повозрасните, како и оние сограѓани кои имаат хронични заболувања.
Апелираме до нашите сограѓани кои се на привремена работа во странство и во наредниот период вообичаено празниците ги поминуваат во своите родни краишта да останат во кругот на семејството и на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските и на здравствените работници.
Сега не е време на никакви групирања, не е време за масовни прослави. Секој поголем собир, значи зголемен ризик за зараза и ново ширење на коронавирусот.
Почитувањето на овие мерки во голема мера, ќе придонесе за спречување на ширење на заразното заболување КОВИД – 19, а нашата одговорност оваа зима, сигурно ќе доведе до помирно и побезбедно следно лето.
Општина Кичево
Општински кризен штаб

ЈАВЕН    ПОВИК                

Врз основа на Законот за комунални такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15 и 23/2016), додека согласно Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), градоначалникот објавува:

                        ЈАВЕН    ПОВИК

За сите правни лица кои имаат седиште на фирма или подружница на територијата на општина Кичево,односно се обврзници на Комунална такса,се информират да ги преземат следните чекори : 1.      Фирми кои имаат седиште или подружница на територијата на општина Кичево, а за кои не е извершена уредна достава соглсно член. 77 до 86 од Законот за општа управна постапка должни се да извршат подигнување на Решението за КТ,односно назив на деловни простории за 2020 год,во просториите на општина Кичево.2.      Обврските согласно Решението за КТ,односно назиф на деловни простории,сте должни да ги подмирите обврските што се предвидени со истото. Обврските може да ги исплатите на следните уплатници:

 Примач Сметка на трезорот
Банка на примачот  Народна Банка на РМ
Сметка  100000000063095

 

Пед.бр Даночен вид Сметка на уплата Приходна шифра
1. За назиф на деловни простори 840-134-03210 717112
2. За деловни единици 840-134-03210 717112

 

Овој повик,влегува во сила со денот на објавувањето, а се смета дека странката е запозната на писмено за правната работа.За негативните последици ( принудна исплата, казнување со парични средства,дополнителни трошоци и друго),кои евентуално можат да настанат ,ќе треба да ги сноси самата странка.Доколку сте извршииле исплата ,а се уште не се евидентирани, или треба да следува нивна нивелизација над обврската за комунална такса.Ве замолуваме да се обратите во општина Кичево,Одделение за данок и комунални такси, канселарија бр.22 за да доставите доказ за извршената исплата,или контактирајте не на следната адреса:

Е-mail: kercova2013@yahoo.com

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

Врз осова на Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, dhe 23/16), и врз основа на Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За Правни и Физички лица кој поседуваат  имот во Територија на Општина Кичево

Се повикуваат сите Правни и Физички лица кој поседуваат имот во Територијата на Општина Кичево кој врз основа на Законот за данок на имот се даночни обврзници да ги превземат следните чекори:

  1. Правни и Физички лица кој поседуваат имот на Територијата на Општина Кичево, на кој не им е доставено уредно Решение за Данок на Имот на еден од начините предвидени согласно чл.78 до чл.86 од Законот за општа управна постапка , се обврзани да ги превземат Решенијата за данок на имот за 2020 година во просториите на Општина Кичево.
  2. Правни и Физички лица кој поседува имот на Територијата на Општина Кичево, на кој уредно им е доставено Решение за данок на имот за 2020 година, да ги подмират обврските кој се предвидени со истиот.

Обврските можат да ги подмират со следната уплатница:

Примател Трезорска сметка
Банка на примачот Народна Банка на РМ
Сметка 100000000063095

 

Ред.бр. Вид на данок Сметка на уплата Шифра на приходи
1. Данок на имот за правни лица 840-134-02512 713113
2. Данок на имот за физички лица 840-134-02507 713111

 

Овај повик влегува во сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека странката е информирана во писмена форма.За негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кој евентуално може да настанат, тие ќе ги подмири самата странка.

Доколку сте извршиле наплата која не се евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.22, и да доставите докази за извршената наплата, или да не контактирате на следната е-маил адреса:

Е-mail: kercova2013@yahoo