ЈАВЕН ПОВИК

Општина Кичево во партнерство со Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, во рамките на Проектот: „Пилотирање на програма за одговорно социјална поддршка“ финансиран од страна на Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, формираше социјален фонд преку кој ќе се поддржатРоми и други маргинализирани групи.


Целокупната документација која треба да ја достави секое заинтересирано лице како и условите кои треба да се исполнат се наведени во следниот:

ЈАВЕН ПОВИК – Постапка, услови и потребни документи за одработување на долгови


Барањата за одработување на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во општина Кичево, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија.Комисијата ќе биде составена од 5 лица: претставник од општина Кичево, претставник од Центарот за социјална работа Кичево, претставник од НВО сектор од ромска организација, претставник од НВО сектор од организација за лица со инвалидитет и попреченост и правник.


Ќе може да се поднесат барања за одработување на долгови настанати заклучно од 01.11.2020 до 31.10.2021, а по основ на потрошена електрична енергија, долгови за комунални услуги.


Почнувајќи од 08 ноември 2021 година граѓаните (доколку спаѓаат во предвидената категорија) ќе може да поднесат барање за одработување на долговите настанати до 31.10.2021 година, за:


• електрична енергија кон ЕВН;
• Комунални услуги


Добитниците ќе бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи согласно со Законот за работни односи,од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, од јавните претпријатија и јавните установи и работодавачи од приватниот сектор, освен пензионер, жена за време на бременоста и млади мајки до 9 месеци на породилно отсуство, лице неспособно за работа поради старост, инвалидност или болест, ученик и студент.


За време на работното ангажирање корисниците мора да бидат осигурани од организаторот на работата по основа на инвалидност и телесно оштетување, за повреда на работа или професионална болест.

За одработување на долговите може да аплицирате доколку исполнувате еден од следните услови:


• ако сте корисник на социјална парична помош (Роми и останати маргинализирани групи)
или
• лице кое западнало во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест (Роми и останати маргинализирани групи). Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни и церебрално васкуларни заболувања. Услов е:


Аплицирањето се врши во општина Кичево, а со вас потребно е да ги имате следните документи:


• копија од Вашата лична карта,
• документ за примател на Гарантирана минимална помош(Издаден од Центар за социјални работи)
Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
• Документ за неспособноста за работа се утврдува со наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдување на неспособност за работа формирана при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
По исклучок за неспособно за работа се смета лице чиј вид и степен на попреченост е утврден со наод, оцена и мислење на стручен орган, утврден на начин согласно со овој закон (доколку лицето не е способно за работа)
• писмена согласност од Вас за обезбедување податоци за вашиот статус и долг од надлежните институции и доверителите. Образецот за писмената согласност ќе ви биде даден во општина Кичево
• – ако Вашиот долг е за искористена електрична или комунални услуги, задолжително доставете копија од последната фактура/сметка за електрична енергија или комунални услуги.

Исто така, зависно од причината поради која барате одработување на долговите, треба да ги имате и овие документи:


ако сте лице со потешко заболување или потешка болест, задолжително доставете медицинска документација од која може да се утврди дијагнозата и датумот кога е дијагностицирана болеста;

Ќе бидат исплатени трошоци за неплатени сметки за електрична енергија или комунални услгуи по лице по максимум 5000 денари.


Начин за доставување на документација:


Целокупната документација треба да биде дотавена до Архива на општина Кичево во затворен плик со назнака: “Документација за одработување на долгови“. Затворените пликови ќе бидат преземени од Архивата на општина Кичево и ќе бидат соодветно заверени со архивски број. Копија од архивскиот број ќе биде доставен и до поднесителот на документацијата.


Целосната документација треба да биде доставена најдоцна до 29 ноември 2021 година до 16 часот.

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член  48 и член 49  од Законот за Административни службеници („Службен Весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16, 11/18 и „Службен Весник на РСМ бр.275/19, 14/20“),  и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава  за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), како и Правилник за систематизација  на работните места во Општина Кичево, Градоначалникот на Општина Кичево, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на Програмата за поддршка на локалниот економски развој во која е предвиден буџет за „Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината“ и за „Субвенционирање за вработување“ со цел Создавање на конкурентна економија во приватниот бизнис, поддршка на развојот на МСП и претприемништвото, Градоначалникот на Општина Кичево врз основа на член  50 од законот за локална самоуправа (,,СЛ. ВЕС. СРМ БР. 05/02),и опретативен план со бр..09-1441/1 од 16.06.2021г , Општина Кичево го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС

за невработени лица и работодавачи од микро и мали претпријатија

1. Се повикуваат невработените лица на територијата на Општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање на нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување. Работодавачите кои ќе обезбедат дополнително работно место за невработени лица и невработените лица кои своето вработување сакаат да го реализираат со финансиска поддршка обезбедена од Општина Кичево, врз основа на претходно утврдени Оперативен план и насоки за спроведување на мерките за самовработување, треба да поднесат пријава во архивата на Општина Кичево.

2. Предвидените мерки за самовработување вклучуваат:

1. Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината.

2. Субвенционирање за ново работно место

3. Мерка 1. Подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување на нови start up бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во општината

Кандидатите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да регистрираат правен субјект во Централен регистар на РМ,

– да се самовработат

– да добијат финансиска поддршка за изработка на бизнис план (износот ќе биде одбиен од вкупната сума на добиениот грант)

– да користат грант за опрема/материјали во максимален износ од 180.000,00 денари и ослободување од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години.

– да овозможат услови за непречено следење на работата на правниот субјект за времетраење на договорот

            Доколку селектираните корисници на грант кои потпишале договор со општината, не ги почитуваат преземените обврски во Договорот, ќе бидат применети предвидените санкции во случај на неисполнување на обврските:

– во случај на престанување со вршење на дејност на правниот субјект пред истекот на две години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето кое ја основало фирмата има обврска, во рок од 12 месеци да врати:

            – 80% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од започнување на бизнисот

            – 60% од искористените финансиските средства од Програмата, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на втората година од започнување на бизнисот

– Доколку по истекот на било кои 3 (три) последователни месеци од регистрација на бизнисот во текот на 2 (две) години од регистрирањето на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Општина Кичево испраќа писмо за опоменаза неактивност на фирмата. Доколку по истекот на 2 (два) месеци од денот на доставување на опомената лицето корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Општина Кичево ќе започне постапка за враќање на искористените средства од програмата

4. Потребни документи за аплицирање

– формулар за аплицирање

– бизнис план

– потврда дека не е вработен

5. Правата и обврските од точка 3 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните кандидати

6. Право на аплицирање имат сите физички лица кои не се постари од 40 год.

 Мерка 2. Субвенционирање за ново работно место

Компаниите кои ќе ги исполнат зададените критериуми во Оперативниот план и насоки, ќе ги имаат следните права и обрски:

– да користат субвенции на плата (исплата на придонеси на минимална плата, од задолжително осигурување) за дополнително вработување до 5 невработени лица за период од 12 месеци, со обврска лицето/лицата да продолжи да работи најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето

– да бидат ослободени од обврска за плаќање комунална такса (фирмарина) во период од две години

– Правниот субјект кој ќе вработи дополнително лице и ќе биде корисник на мерката за субвенционирано работно место, има обврска да го задржи лицето на работа најмалку уште 12 месеци по завршување на субвенционирањето или на негово место да вработи друго невработено лице. Во спротивно работодавачот ќе треба да ги врати искористените средства во целост, во рок од 12 месеци.

 Потребни документи за аплицирање

формулар за аплицирање

– тековна состојба

– потврда за бројот вработени (од агенција за вработување)

Доколку дополнително вработеното лице даде отказ на работното место за времетраење на субвенционирањето, во тој случај субвенционирањето од страна на општината престанува додека не се најде замена за работникот или трајно.

6. Правата и обврските од мерка 2 ќе бидат уредени со Договор склучен помеѓу Општина Кичево и селектираните компании

7. Заинтересираните кандидати од точка 1 на овој Оглас, можат да поднесуваат пријави во архивата на Општина Кичево, секој работен ден од 10 – 15 часот, најдоцна до 21.08.2021 година

8. Заинтересираните кандидати за аплицирање, пријавите можат да ги најдат на веб страната на Општина Кичево www.kicevo.gov.mk

9. Дополнителни информации во врска мерките за самовработување кои ги спроведува Општина Кичево, може да се добијат на веб страната www.kicevo.gov.mk или во просториите на Општина Кичевo

План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Осломеј 2

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја разгледува можноста за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, АД Скопје (“ЕСМ” или “Проектот”) од Република Северна Македонија за финансирање на изградба на втора фотоволтаичнa  електрана (ФВЕ) од 10 MW (Проектот или Осломеј 2) на просторите на постојната Термоелектрана Осломеј, веднаш до ФВЕ во развој ФЕ Осломеј-1, во општина Кичево, Република Северна Македонија.

Со оглед на обемот и природата на Проектот, во рамките на нејзината Политика за животна средина и социјални аспекти за 2019, ЕБОР проектот го категоризира како Проект од Б Категорија. Овој План за вклучување на заинтересираните страни (ПВЗС) ги опишува активностите што се преземаат во фаза на планирање на Проектот, градежната и оперативната фаза на истиот. Овој документ е подготвен заедно со Не-техничкото Резиме (НТР) на Оцената на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) и Акциониот план за животната средина и социјалните аспекти (АПЖССА) подготвени за потребите на овој Проект.

За повеќе информации кликнете на линкот:

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на Програмата за унапредување на Животна средина, точка 7 за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, за 2020г со бр.08-3112/9 од 26.12.2019, Општина Кичево објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на трошоците за набавка на  високоефикасни инвертер-клима уреди за 2020 година за граѓаните на подрачјето на Општина Кичево

Загадувањето на воздухот е насериозен проблем со кој се соочува нашата цивилизација, а тоа најчесто е предизвикано од човечки активности.

Општина Кичево,  со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, со јаглен, нафта, дрва или  мазут, со цел да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат средства за нов начин на греење, односно поттикнување за употреба  на поквалитетни уреди за греење, на жителите што купиле инвертер-клими во тековната 2020 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик заклучно со 15 октомври 2020 година, ќе им ги надомести  трошоците направени при набавка на инвертер-клими, во висина не повеќе од 62.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, кој го пресметува и го исплаќа Општината.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето заклучно со 15 –ти Октомври 2020 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

I Корисници што ќе се опфатат со мерката надоместување на трошоците на граѓани за набавка на инвертер-клими:

Жители на Општина Кичево, физички лица носители на домаќинства  , кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2020 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик и што ќе достават навремена и комплетна пријава на јавниот повик.

II  Предвидени средства:

Со субвенцијата/надоместокот на трошоците за набавка на инвертер-клими максималниот износ кој се субвенционира е до 62.000 денари  во која сума е вклучен  и персоналниот данок на доход кој го пресметува и го  исплаќа Општина Кичево, а  ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во буџетот на Општината за 2020 година.

III Услови што треба да ги исполни барателот:

Барателите се должни да ги исполнат следниве услови:

  • да имаат живеалиште на подрачјето на Општина Кичево
  • да немаат искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Општина Кичево и други државни институции.
  • до поднесување на барањата да се корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
  • да ги предадат постојните печки на јаглен, дрва, нафта или мазут до овластен отпад за  железо на рециклирање .
  • набавените уреди да бидат купени во 2020-та година, се до завршување на Јавниот повик, истите  да бидат исплатени во целост и да бидат  инсталирани на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • набавените уреди задолжително да ги имаат најмалку следните карактеристики: да имаат најмалку COP 3.5, да греат на надворешна температура од -15°C и бидат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • да ги има платено сите такси и даноци кон Општина Кичево заклучно со 2019 год.

IV Потребна документација која треба да се достави кон Барањето за на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

  • Барателот, во прва фаза на аплицирање задолжително е должен да ја поднесе следната документација:
  • Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Кичево или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Кичево: www.kicevo.gov.mk);
  • фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Кичево;
  • фотографија од печката/те на дрва, јаглен, нафта или мазут кои ги користи;
  • потврда за платени даноци и такси заклучно со 2019г.(ја издава Општина Кичево –треба да одговара на име на барателот )
  • имотен лист за објектот каде ќе се инсталира Инвертерот (треба да одговара со адресата на личната карта на барателот- само за физички лица и само за објекти за домување )
  • нотарски заверена изјава и дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Општина Кичево или друга државна институција,дека до поднесување на барањето бил корисник на печка за јаглен ,дрва,нафта ,мазут,( или дека се работи за објект во кој досега немало затоплување бидејќи е нововселен), дека доколку е добие субвенцијата нема да користи нееколошки енергенси за затоплување освен инвертер уредот во рок од три години по добивањето на субвенцијата, дека има обврска да ги врати доделените средства доколку не се придржува на условите за субвенционирање,дека објектот не е во фаза на градба и дека во неговото домаќинство нема друг член што поднел барање за субвенција  (пример на изјавата ќе биде објавен на интернет страницата на Општината: kicevo.gov.mk);
  • Напомена: за стари и изнемоштени лица изјавата може да ја даде и полнолетен член на сејмеството.
  • Барателите кои ги исполнуват условите од прва фаза дополнително ќе треба да ги достават и следните документи:
  • оригинална потврда на која ќе стои името и презимето на Барателот , заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавените инвертер клима уреди се високоефикасни т.е. ги исполнуваат следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата ќе биде објавен на интернет страницата на Општината: kicevo.gov.mk)
  • доказ во оригинал дека е извршено купување во 2020 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата во целост,и
  • фотокопија од трансакциска сметка.
  • оригинална потврда заверена со потпис и печат од овластен отпад за железо  на која ќе стои името и презимето на Барателот  дека стариот уред за затоплување е предаден за рециклирање.
  • По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат новоизграден станбен објект или се вселуваат во друг објект , а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 алинеи 3 и 4 на овој член. Оваа категорија на баратели ќе треба да достават Потврда или друг документ со  кој  ќе се докаже  датум на промена на  живеалиште која промена не треба да биде постара од 01.01.2020 год.до максимум 15 Октомври 2020 год.
  • Барањето за надоместување на трошоците направени при набавка на уредот, барателите го поднесуваат заедно со потребната документација, во затворен плик преку Архивата на Општина Кичево, или по пошта на адреса ул.Борис Кидрич бр.1, до Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2020 година секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

V Начин на реализација на јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на трошоците за набавување инвертер-клими на веб страната на Општина Кичево  (www.kicevo.gov.mk), во печатени медиуми и тоа во најмалку еден дневен весник на македонски јазик и во еден дневен весник на албански јазик и во електронски медиуми, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Кичево.

По завршувањето на Јавниот повик Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Кичево со бр.09-465/1 од 17.02.2020година,  за таа намена врши проверка на пристигнатите пријави како и контрола на терен за набавката и користењето на инвертер-клима.

Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите, според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Кичево за 2020година за таа намена.

Правилник

Барање

Изјава

Изјава за стари и изнемоштени лица

Потврда- Продавач

Потврда – Отпад

КОНКУРС

К О Н К У Р С

За поделба на стипендии на студенти за учебната година 2019/20

 

АПЛИКАЦИJА

Право за аплицирање на  овој конкурс имаат студенти кои студираат на некој од државните универзитети во Република Македонија или во еден од приватните универзитети во или надвор од земјата

УСЛОВИ

  1. Да се студенти од I,II, III, IV и V
  2. Да се редовни студенти
  3. Да не повториле во текот на студиите

Студентите од I ( прва) година треба да донесат фотокопија од диплома од средно образование како и сведителство од I до IV ( четврта) година, исто така и потврда за регистрација како редовен студент на универзитет.

Студентите од II ( втора ), III ( трета  ), IV (четврта), V (пета ) година како и постдипломски студии да достават потврда од оценки од предходната година или 80 % положени испити, како ипотврда дека е редовен студент на универзитетот.

Стипендии ќе се доделат за две категории на студенти и тоа:

  • За студенти со голем успех на студии, вкупно 20 стипендии
  • За студенти од сејмества со лоша финансиска состојба, вкупно 15 стипендии

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  • Формуларот за апликација кој можете да го земете од линкот
  • Фотокопија од лична карта или пасош
  • CV ( биографиjа)
  • Фотокапиja на индекс (двете страни, каде што е сликата и страната каде е заверен семестарот), фотокoпиja од свeдителство за четврта година (ако е студент на прва година)
  • Потврда дека е регистриран на Универзитет
  • Потврда за оценки
  • Потврда од завод за вработување и изјава на нотар од родител дека не е вработен
  • Потврда за приходи од членови на семејството или друга потврда каде ќе се утврдат месечните примања
  • Уверение од семејна положба

КРИТЕРИУМИ

Оценувањето на кандидатите од прва категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 60%
  2. Месечни примања – 30%
  3. Семјена положба – 10%

Оценувањето на кандидатите од втора категорија ќе се реализира според овие критериуми:

  1. Постигнатиот успех од предходната година – 30%
  2. Месечни примања – 60%
  3. Семјена положба – 10% –

 

Оценувањето ќе се одвива според правилникот бр.09-1765/1 донесен од Општина Кичево, а на студентите без родители им се додаваат допонителни 10 бода

 

ИЗНОС НА СТИПЕНДИЈА

Износот на стипендијата за студентите кои се запишани во академската година 2018/2019 е 24.000 ден. кој ќе се исплати по 3.000 денари за 8 месеци

 

МЕСТО И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Апликациите за стипендија да се достават во архивата на Општина Кичево од 11:00 часот до 15:00 часот,  или преку пошта на адреса Општина Кичево ул.Борис Кидрич бр.1 до 30.09.2019 год.

Некомплетнни апликации нема да се разгледуваат од страна на комисијата

Системот за пресметка на поени се уредува со правилникот кој  е  донесен од страна на Општина Кичево, и е дел од овој конкурс каде што можете да го симнете на  www.kicevo.gov.mk

 

КОМИСИЈА

 

K O N K U R S 2019

RR E G U LL O R E – PRAVILNIK 2019

Formular 2019

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010,135/11 и 55/16), и Програмата за поддршка на локален економски развој за 2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кичево, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Кичево

за 2019 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој, средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Кичево ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, за проекти кои влијаат кон јакнење на капацитетот на здруженија и нво кои работат исклучиво на полето на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, лица со посебни потреби и слично.Со овој повик  ќе бидат поддржани исклучиво здруженијата и фондациите кои се регистрирани како такви и истите  имаат ПОДНЕСЕНО извештај за реализација на проектните активности , доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за предходната фискална година. Здруженијата и Фодациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини.

2. Предвидени средства –За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2019 година во висина од 300.000,00 денари.

3. Доставување извештај Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Одделението за Лер и Секторот за финансии на Општина Кичево.

4. Основни организациски критериуми-Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации

– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес

5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

1. Пријава за финансиска поддршка

2. Предлог проект

3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата

4.Извештај за реализација на проектните активности, доколку биле корисници на средства од општинскиот буџет за претходната фискална година.

 6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 20 (дваесет) дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево.

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.

Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево.Пријавите за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Формуларот за предлог –проект  ке можат да се подигнат од архивата на општина Кичево и web.kıcevo.gov.mk

Претседател на Комисија

_________________________

Formular 1

Formular 2

 

ЈАВЕН ПОВИК

Република Македонија

Општина Кичево

Врз основа на Законот за даноците на имот („Сл.Весник на Рм„ бр.61/2004, 64/2005, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,154/2015, 192/15, и 23/16 ) и во согласност со Законот за општа управна постапка („Сл.Весник на Рм„ бр.38/2005, 110/2008, 118/2008, 51/2011 и 145/15), Градоначалникот на Општина Кичево, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 За сите физички  и правни лица кои поседуваат имот во територијата на Општина Кичево, а за истот не е извршено оданочување, врз основа на Законот за даноците на имот се задолжуваат да поднесат даночна пријава до 31 Јануари 2019.

И тоа за:

 Имот со кој се стекнале или почнале да го користат во текот на 2018 година, а за кој не е поднесена даночна пријава.

  1. Имот во кој е настаната промена на сопственоста.
  2. Имот во кој е настаната промена на податоците опфатени во даночната пријава која претходно било поднесена, а која има влијание во висината на даночната обврска.
  3. Сите горенаведени даночни обврзници кои поседуваат имот која се оданочува, а за истото до 2019 година не е поднесена даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Доколку, даночниот обвзник не поднесува даночна пријава во одредениот рок, ќе се постапи врз основа на одредбите кој ги предвидува законот.За негативните последици (парична казна, дополнителни трошоци идр.), кои евентуално може да настанат, тие ќе ги сноси странката.

За да доставите даночна пријава, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, ул:„Борис Кидрич„ бр.1,Одделение за данок и комунални такси, Канцеларија бр.27.

Општина Кичево / Komuna e Kërçovës

Градоначалник / Kryetar

Fatmir Dehari

    _______________