АПЕЛ
до жителите на Општина Кичево
Потсетуваме, на максимална одговорност, доследно следење и практикување на препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација.
Потсетуваме дека сите граѓани имаат обрвска да ги почитуваат мерките за носење на лична заштитна опрема, да држат растојание и да одржуваат хигиена, со цел да не го доведуваат во ризик здравјето на своите најблиски, особено повозрасните, како и оние сограѓани кои имаат хронични заболувања.
Апелираме до нашите сограѓани кои се на привремена работа во странство и во наредниот период вообичаено празниците ги поминуваат во своите родни краишта да останат во кругот на семејството и на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските и на здравствените работници.
Сега не е време на никакви групирања, не е време за масовни прослави. Секој поголем собир, значи зголемен ризик за зараза и ново ширење на коронавирусот.
Почитувањето на овие мерки во голема мера, ќе придонесе за спречување на ширење на заразното заболување КОВИД – 19, а нашата одговорност оваа зима, сигурно ќе доведе до помирно и побезбедно следно лето.
Општина Кичево
Општински кризен штаб