Општина Кичево ги информира граѓаните дека само што се случи лизгање на патот кон Крушино, како резултат на водата што доаѓа од топењето на снегот. Апелираме до граѓаните да не се искачуваат кон Крушино поради големата дупка што се појави во средината на главната улица. За настаната ситуација, известено е претпријатието Гранит која ги изведува работите за изградба на автопатот, како и Агенцијата за патишта на Македонија.
Вода која доаѓа од м.в.Крушино, излегува на магистралниот пат Кичево-Охрид и се акумулира во кружниот тек на булеварот. Од Агенцијата за патишта на Македонија информираат дека ќе преземаат мерки за да се избегне акумулираната вода. Апелираме до возчите внимателно да ја поминуваат магистралата, односно местото каде се собираат атмосферските води.

Служба за информирање на општина Кичево