Врз основа на член 37, став 1 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002 година), а во врска со одредбите од Деловникот на Советот на Општина Кичево (“Службен гласник на Општина Кичево“ бр. 5/06), донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување нa 18-та седница на Советот на Општина Кичево

СВИКУВАМ 18-та седница на Советот на Општина Кичево.
Седницата ќе се одржи на ден 25.02.2019 год. (понеделник) во просториите на Советот на Општина Кичево со почеток во 11,оо часот.
Усвојување на Записникот од 17-та седница на Совет на Општина Кичево од 30.01.2019 година.

– За работа на седницата го предлагам следниот:

Д н е в е н р е д

1. Информација за работите кои се однесуваат на јавната безбеднист и безбеддноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на ПС од ОН Кичево..
2. Предлог Одлука за финансиско учество на Општина Кичево за изградба на локален пат село Колибари.
3. Предлог Одлука за преземање на долгови од ОСУ „Дрита“ и ОСУ „Мирко Милески“ Кичево
4. Предлог Одлука за вршење на траен отпис на комунална такса (фирмарина).
5. Предлог Одлука за ослободување на комунална такса на фирми основани од инвалидизирани лица.
6. Предлог Буџетски календар за 2019 година.
7. Усвојување на Квартални извештаи за Буџетот на Општина Кичево за периодот-4 квартал..

8. Усвојување на извештајот за попис за 2018 година во Општина Кичево.

9. Предлог Одлука со давање на водоводна мрежа од ЈП Комуналец
10. Предлог Одлука за ослободување од партиципација за престој во градинка на 20 ромски деца од три до шест години.

11. Предлог од Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања.
12. Годишен план за вработување за 2019 година во ОСУ „Дрита“ Кичево.

13. Годишен план за вработување на ОСУ „Мирко Милески“ Кичево.
14. Предлог Програма за финансирање на активностите од областа на културата од интерес на Општина Кичево и подршка на здруженија на граѓаните за 2019 година.
15. Предлог Одлука за утврдување на вредноста на бодот на административните службеници во ЈОУДГ „Олга Мицеска“ Кичево.
16. Предлог Одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ГУП за град Кичево за УЕ„Д“, Блок „Д1“ и УЕ „А“, Блок „А1“ – Општина Кичево.

17. Предлог Одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ГУП за град Кичево за УЕ„Г“, Блок „Г4“ – Општина Кичево

18. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистички план за село Трапчин Дол , Кичево, донесен со одлука на Совет бр.07-779/3 од 04.07.2002 година, заради вклопување на бесправни објекти.

Бр. 08-414/1
18.02.2019 годинa
К и ч е в о

Совет на Општина Кичево
Претседател,
Аќиф Медиу с.р.

Download (PDF, 114KB)