Врз основа на член 37, став 1 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002 година), а во врска со одредбите од Деловникот на Советот на Општина Кичево (“Службен гласник на Општина Кичево“ бр. 5/06), донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување нa 19-та седница на Советот на Општина Кичево
СВИКУВАМ 19-та седница на Советот на Општина Кичево.
Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2018 година (четврток) во просториите на Советот на Општина Кичево со почеток во 11,оо часот.
Усвојување на Записникот од 17-та седница на Совет на Општина Кичево од 30.01.2019 година.
Усвојување на Записникот од 18-та седница на Совет на Општина Кичево од 25.02.2019 година.
– За работа на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
1. Предлог Завршна сметка на Општина Кичево за 2018 година.
2. Усвојување на Финансискиот извештај за работата на Општина Кичево за 2018 година.
3. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани а не платени обврски.
4. Предлог Одлука за измена и дополна на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Кичево за 2019 година.
5. Предлог Одлука за вршење траен отпис за данок на имот.
6. Усвојување на Извештај за работата на ЈП „Комуналец“ Кичево за периодот 01.01.2018 -31.12.2018.
7. Предлог Одлука за усвојување на Годишна пресметка за периодот јануари-декември 2018 година.
8. Усвојување нз Завршни смети на институции кои се под надлежност на општина Кичево:

  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОСУ „Дрита“ Кичево.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОСУ „Мирко Милески“ Кичево.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ Кичево.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ Кичево
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Фаик Коница“ Грешница.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Реџо Рушит Зајази“ Зајас.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Милто Гура“ Стрелци.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Наим Фрашери“ Јагол Доленци.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег“ Србица..
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ „Христо Узунов“ Другово.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ЈОУ Детска градинка „Олга Мицеска“ Кичево.
  • Усвојување на Завршна сметка за 2018 година на ОУ Работнички универзитет „Крсте Мисирков“ Кичево

Бр. 08-593/1
08.03.2018 годинa
К и ч е в о
Совет на Општина Кичево
Претседател,
Аќиф Медиу с.р.

Download (PDF, 152KB)