Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член  48 и член 49  од Законот за Административни службеници („Службен Весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16, 11/18 и „Службен Весник на РСМ бр.275/19, 14/20“),  и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава  за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), како и Правилник за систематизација  на работните места во Општина Кичево, Градоначалникот на Општина Кичево, објавува :        

ИНТЕРЕН ОГЛАС
број  01/2021 За потполнување на работните места со унапредување  

1. Раководител на одделение зауправување со човечки ресурси – со шифра  УПР 01 01 Б04 000 во – 1 извршител
Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :

а) стручни квалификации- ниво на квалификации  VI A според  Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки

б) со работно искуство во струката,  најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски) – потврда за положен испит за административно управување.  

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува: 31.446,00 ден    

2. Виш Соработник за Водење на постапките за јавни набавки УПР 01 01 В02 000 во Одделението за јавни набавки -1 извршител

Посебни услови предвидени за работно место утврдени со Закон за административни службеници и актот за систематизација се :

а) стручни квалификации- ниво на квалификации  VI Б според  Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стакнети според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или  Јавна управа и администрација

б) со работно искуство во струката,  најмалку две години работно искуство во струката;

в) посебни работни компетенции и тоа :
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
управување
-активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англески, француски, германски).

Паричниот нето износ на збирот од делот на основната плата со која се вредува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува: 26.335,00 ден

 Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнѕваат следниве општи услови:
-да е државјанин на РСМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.          
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Општина Кичево, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишан за соодведно ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и: -да е оценет со оцена А” или Б при последното оценување на кое бил оценуван, – да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас, – да поминал најмалку две години на истото ниво и – да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.     
*  Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметено од  денот на објавување на интерниот оглас.  *Пополнета пријава и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите треба да ја поднесат во хартиена форма преку Архива на Општина Кичево, до Одделение за управување со човечки ресурси.  
Дневно работно време од 08:00 до 16:00
Работни денови: Понеделник – Петок
Неделно работно време: 40 часа  
На невремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дискфалификува од натамошната постапка по овој оглас.   Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирање од страна на Градоначалникот на Општина Кичево.                      

Thank you for sharing your blog site. cialis price in south africa Henry Pourner 17 August , 8 h 47 min.