ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010), Општина Кичево и Програмата за поддршка на локален економски развој за 2018 година,  донесена од страна на Совет на Општина Кичево, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на понуди за користење средства од Буџетот на Општина Кичево

1.Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година, согласно Програмата за дијагноза, спречување и подобрување на деформитетите на ’рбетот по основните училишта во Општина Кичево, за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

  1. Предвидени средства – За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Кичево за 2018 година во висина од 360.000,00 денари, a со овие средства ќе се финансира само едно здружение што ги исполнува условите врз основа на овој јавен повик.
  2. Доставување на извештај Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности, ќе достават извештај за користење на средствата до Општина Кичево.
  3. Основни организациски критериуми – Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:
  • Капацитетот на организацијата – се вреднува со 20%
  • Релевантноста на превземената акција – се вреднува со 10%
  • Одржливоста на проектот – се вреднува со 30%
  • Сопствено учество во кофинансирање (со време, средства, човечки ресурси) – се вреднува со 40%
  1. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка
  2. Предлог проект за финансирање
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата 
  1. Рок и начин на доставување на пријавите 

Рокот за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавување во дневните весници и на веб страницата на Општина Кичево.

Пријавата со целокупната документација, да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Кичево ул. Борис Кидрич бр.1, 6250 Кичево, или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, со назнака  – За поддршка на здруженија и фондации за 2018 година.

Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во Службен Гласник на Општина Кичево. Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на вeб страната на Општина Кичево. Пријавите за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Формуларот за предлог – проект ке можат да се подигнат од архивата на општина Кичево и на веб страната www.kercova.gov.mk

Download (DOC, 89KB)

Download (DOCX, 24KB)