Општина Кичево во рамките на своите надлежности во областа на културата согласно Законот за култура („Сл.весник на РМ“ бр. 31/98; 49/03; 82/05; 31/98; 24/07; 116/2010; 47/11; 51/11; 136/12; 23/13; и 187/13), посебните закони од областа на културата ( Закон за музеите „Сл.весник на РМ” бр.66/04, 89/08, 116/10, 51/11, Закон за библиотеки „Сл.весник на РМ” бр.66/04, 9/08, 116/10, 51/11), Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/02), Законот за установите ( Сл. весник на РМ. ), ја подготвува Програмата за Култура за 2018 година.
За подготовка на Програмата за култура за 2018 година, Општина Кичево организира:

ЈАВНА ДЕБАТА

Претставниците на културните здруженија кои работат во Кичево, поединци од сферата на културата, писатели и други лица кои имаат конкретни идеи за развој и унапредување на културата се поканети да учествуваат на јавната дебата за да ги конкретизираат своите идеи кои ќе бидат вклучени во Програмата за култура за 2018 година.

Членовите на Комисијата за распределба на средства за култура при општина Кичево, ќе водат евиденција и ќе одговорат на поставените прашања.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 11.04.2018 година ( среда ), во 16:00, во просториите на Ресторант „ Кичево „ во Кичево.

Ве очекуваме.

ОПШТИНА КИЧЕВО